„Мали Лошињ“ ќе флашира вода во дебарско Гари

Хрватската компанија „Мали Лошињ“ стартуваше со изградбата на фабрика за флаширана вода за пиење во дебарското село Гари.

Производната хала ќе биде со површина од 2.200 метри квадратни и ќе има свој производен и магацински дел, со управна зграда, како и дополнителни простории како лабораторија, кантина и друго. Ќе биде  лоцирана на пет километри пред селото, покрај регионалниот пат Бошков мост - Извор.

На поставувањето камен-темелник покрај претставници на локалните власти на Дебар, присуствува и министерот за  привлекување странски инвестиции, Бил Павлески, вице премиерот Фатмир Бесими, министерите за економија и животна средна, Ваљон Сарачини и Абдулаќим Адеми, како и хрвтаскиот амбасадор во нашата земја Златко Крамариќ

- Оваа инвестиција е потврда дека печалбарите никогаш не ја заборваат татковината. Тоа е примерот и со мене, кој со децении работам во Мали Лошињ, а сега дел од капиталот носам тука. Во зависност од текот на производството бројот на вработените ќе расте, рече Дашмир Абдиа, од МЛ-Гари, носител на инвестицијата, додвајќи дека до сега се инвестирани милион евра, а вкупната инвестиција изнесува пет милиони.

Министрите Сарачини и Павлески, оваа инвестиција ја оценија како последица на мошне поволните услови кои ги нуди Владата за странските ивеститори.

- Со измените кои се направени во неколку закони оваа Влада придонесе да се создадат многу поволни услови за привлекување инвестиции. Освен оваа се надеваме и на други инвестиции не само од хрватски, туку и од други странски инвеститори. Годишно во фабриката ќе се флашираат 100 милиони литри вода за што ќе се вработат околу 100 лица. Оваа инветсиција е многу значајна за ва одрачје посебно кога станува збор за отворање нови работни места, рече Сарачини.

Министерот Павлески истакна дека по направените соодветни анализи и изпитувања компанијата Мали Лошињ се одлучи да инвестира токму во овој преубав предел, во близина на селото Гари.

- Во Македонија постојат пвеќе успешни примери на хрватски инвестиции. Неодамна и хрватската компанија, „Кумал“ ја потврди својата ивестиција во Технолошко индустриската развона зона во Штип. Како резултат на поволните услови кои ги нуди македонската Влада очекуваме да дојдат уште многу странски инвеститори, нагласи Павлески.

За градоначалникот на Дебар Ружди Љата инвестицијата е предвесник на економската преродба на поширкиот дебарски регион.

- Ова странска инвестиција доаѓа по 15 години од инвестицијата на Кнауф со која со приватизира поранешниот кобинат за гипс. Новата странска инвестиција е прва што до сега се случила во општина Дебар. Очекуваме и други инвеститори да го следат чекорот на Мали Лошињ и  со тоа да се стави крај на големата невработеност и миграцијата, порача Љата.

Присутните ги поздрави и хеватскиот амбасадор Крамариќ кој на фабриката во Гари и поска успешна работа, која се очекува да почне наредното лето.