Работилница за Конвенцијата за заштита и користење на прекуграничните водотеци и езера

Речиси сите води во Република Македонија имаат прекуграничен карактер, поради што за нас е особено важно да обезбедиме услови за добро упрaвување со нив.

Ова го изјави министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми на денешното обраќање на работилницата посветена за „Конвенцијата за заштита и користење на прекуграничните водотеци и меѓународните езера“ организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со UN/ECE.

Според министерот, соработката со земјите со кои ги делиме водите, треба да се заснова на заемна доверба и разбирање при што треба да се зeмат предвит реалните услови и можности со кои се располага.

- Сметам дека Конвенцијата нуди одлична можност за проширување и продлабочување на соработката со нашите соседи и претставува инструмент, кој служи за заштита на прекуграничните води преку спречување, контрола и намалување на загадувањето, но воедно обезбедува рамка за разумна и подеднаква употреба на прекуграничнитре води, рече Адеми.

Посочи дека Македонија остварува значајна соработка со Албанија во поглед на заштита на Охридското Езеро и дека е воспоставена трилатерална соработка за Преспанското Езеро која дава можност за нејзино интезивирање и проширување.

- Оваа работилница дирекно придонесува кон напорите што Македонија  ги презема за имплементирање на законодавството на ЕУ во областа на водите и Конвенцијата за водите, истакна Адеми.

Заменик генералниот секратар во Министерството за животна средина во Естонија, Хари Лив во своето обраќање од име на Бирото на Состанокот на страните на UN/ECE-Конвенцијата за води, посочи дека работилницата има цел да објасни за придобивките од соработката во однос на управувањето со прекуграничните водотеци и за можнистите кои што ги нуди рамката на Конвенцијата за води.

- Еден од најважните и најуспешние проекти на вашите експерти во рамките на оваа Конвенција се однесува на проширување на речниот слив на реката Дрим и се спроведува со активно учество на вашата земја, рече Лив.

Нагласи дека пристапувањето кон Конвенцијата е многу важно во однос на прекуграничните аспекти. Посочи на заклучоците од вториот преглед за успешност во однос за животната средина за Македонија кој што објавен во 2011 година каде се препорачува Владата да продолжи со подготвителната работа за оценување на можностите и пристапување кон Конвенцијата.

Според него, спроведувањето на Конвенцијата обезбедува постојана соработка на државите во една заедничка  правна рамка, да работат кон договорни цели за што ќе добијат и поддршка од институционалните механизми на Конвенцијата.