Отворен ден за граѓаните во Министерството за транспорт и врски

Проблеми во примената на Законот за домување, коруптивно однесување на инспектори, нерешени имотно - правни прашања,   неможност да го решат станбеното прашање, појаснувања за процесот за легализиација .... Тоа се дел од поплаките  што граѓаните што ги изнесоа денеска пред министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески  во тек на Отворениот ден за прием на граѓани „Отворени и достапни“ на Министерството за транспорт и врски.

- Продолжуваме со праксата  за отворен ден со граѓаните за сите што имаат потреба да остварат средба со мене и со службите зависно од проблемите со кои се соочуваат. Во текот на денот ќе примам поголем број граѓани, а  од досегашните средби имаше повеќе  прашања од аспект на станбено необезбедени лица, дополнителни  прашања за процесот на легализација, проблем со имотно  правна состојба,  како и прашања што да се направи за да се добие стан за млади брачни парови, изјави министерот Јанакиески.

Сите прашања, појасни тој, се  одговараат бидејќи претходно  се знаат темите. Министерството за транспорт и врски, најави тој,  и во иднина ќе продолжи со ваквата праска со цел доближување на активностите до граѓаните и потранспарентно работење. 

Граѓаните што дојдоа во Министерството се задоволни од можноста лично да ги претстават проблемите од терен, да добијат совети или да дадат препораки.

Славчо Ѓорчески, претседател на заедница на сопственици на станари на зграда во Општина Аеродором, пред министерот ги претстави проблемите со кои се соочува при примената на Законот за домување, за што, според него, вината е кај општините. Уште не вработиме инспектори за домување и не ја обучиле администрацијата.  

- Законот за домување, кој беше донесен пред две години, е одлична работа, но голем проблем е што  општините сеуште немаат поставено инспектори за  домување. Тие работи треба да ги преземат комуналните инспектори, но сеуште  немаат соодветна обука за да го имплементираат тоа  во пракса, изјави  Ѓорчески.

Тој тврди дека пред половина година биле поднесени пријави  против неколку старани кои не ги плаќале своите месечни давачки, но,  како што рече, наишол на  незнаења кај инспекторите  во општината. - Добив одговор  дека немаат инспектор за домување и оти тоа ќе биде имплементирано кога  ќе биде вработен. Како станари неможеме да чекаме  десет години некој да биде вработен  во одредена општина како инспектор за домување за да  мене ми заврши  работа согласно законските прописи. Меѓутоа се преземаат некои  акции и од страна на министерот беше ветено дека тоа брзо ќе се разреши,  појасни Ѓорчески.   

На состанокот со министерот пријавил и случај за корупција од страна на градежен инспектор во една од скопските општини.  - Тој е мошне  корумпиран и по многу доаѓања на терен не е во состојба да забележи некои работи. Министерот вети дека ќе се испитаат сите тие процеси и доколку се увиди  таква работа на инспекторот ќе му биде одземена лиценцата за работа, наведе Ѓорчески.  

Друг граѓанин, кој се соочува со проблем при откуп на стан поради измешена документација изјави дека  добил ветување оти ќе се реши проблемот. Во битолското јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор  доставил првин една па потоа и друга документација. Тука се измешаа,  па  сега ќе ги ускладат и ќе ни одговорат. Задоволен сум што се најде целата документација, изјави граѓанинот.