Промовирана Даночна академија на Управата за јавни приходи
Вработените во Управата за јавни приходи и во други државни институции, како и даночните обврзници, ќе ги унапредуваат знаењата преку обуки во нов едукативен центар на УЈП - Даночна академија, која од средината на 2013. треба да прерасне во место во кое ќе се едуцира даночната администрација од регионот на Југоисточна Европа.
Почетокот со работа го означија денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на УЈП Горан Трајковски кои потпишаа повелба за функционирање на академијата кој го одржа првиот час.
Едукацијата преку даночната академија ќе се одвива во четири фази. Во првата ќе бидат едуцирани вработените во УЈП, втората фаза ќе ги вклучи и останатите вработени во државната администрација кои соработуваат директно со Управата, додека третата фаза ќе вклучи и приватни и други субјекти од државата чија дејност е поврзана со УЈП. Четвртата фаза од даночната академија, која треба да почне кон средината на 2013 година е регионална даночна академија, наменета за обуки на даночните администрации на земјите од Југоисточпна Европа и се очекува да придонесе за намалување на даночната евзаија на регионално ниво.
- Фактот што даночната академија ќе спроведува обуки и на соседните земји покажува дека угледот на УЈП во меѓународните институции и во јавноста е се поголем и оти кредибилитетот што беше изграден во изминатите години овозможува да прераснеме во институција која предничи со квалитетот во регионот, оцени вицепремиерот Ставрески.
Тоа, нагласи, е резултат на успешното раководење на УЈП која и во поглед на наплатата на даноците и квалитетот на услугите ги достигна стандардите кои се потребни за земја која е кандидат за членство во ЕУ но и за земја којашто по оценките на меѓународните финансиски институции е највисоко рангирана во светот токму во овие обалсти.
Ставрески потсети дека во неодамна објавениот засебен извештај на Светската банка за наплатата на даноците Македонија е рангирана на четвртото ниво во светот според општатата даночна стапка и според степенот на наплата на даноците. - Ефективната даночна стапка во Македонија од 9,7 проценти е четврта најниска во светот, а степенот на наплата на даноците е исто така меѓу најдобрите во светот, рече Ставрески.
Убеден сум, додаде, дека преку даночната академија ќе успееме да оствариме едукација на кадрите и понатаму да ги развиваме алатките и инструментите што ги има УЈП на располагање со цел да прерасне во вистински партнер на бизнис заедницата и да има соодветен квалитет којшто ќе биде нужен за периодот кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.
Отворањето на даночната академија, смета тој, е голем чекор на УЈП во насока на развивање соодветна одржлива работа за нејзините потребите и за регионот.
Директорот на УЈП информира дека заклучно со вчера остварувањата на наплатата на даноците се 100,56 проценти од предвиденото со Буџетот. Во однос на минатата година во просек има пораст од 11 проценти во наплатата кај сите видови даноци.
Трајковски најави дека по денешната промотивна едукација на академијата задутре ќе почне обука за вработените во Царинската управа. Во иднина ќе се потрудиме да донесеме што поквалитетни предавачи за даночните службеници и за делот од бизнис заедницата да го донесеме најдобото од Европа и светот. Ќе понудиме највалитетна и бесплатна обука за сите заинтерсирани. Функцонирањето на академијата го финансира комплетно УЈП, рече Трајковски.
Џон Брандоло, виш економист од одделението за фискални работи во ММФ, оцени дека во изминатите неколку години ММФ со финансиска помош од Владата на Холандија воспостави систем за зајакнување на даночната управа во Македонија. - Со големата посветеност на вработените УЈП успеа да прерасне во современа администрација и како резултат на преземените активности мисиите за техничка помош од ММФ утврдија дека УЈП успева да ги исполни целите на даночна наплата и да ја олесни усогласеноста која се бара од даночните обврзници кон Управата, рече Брандоло.