Премиерот Никола Груевски упати писмо до претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина,Вјекослав Беванда

Ваша екселенцијо,

Со големо внимание ги следам вестите за состојбите предизвикани од големите поплави кои ја погодија Вашата земја. Ви се обраќам во миговите кога се соочувате со една природна непогода која причинува значителни материјални штети и претставува сериозен предизвик за граѓаните и властите на Босна и Херцеговина.

Дозволете ми, во овие тешки моменти да ја истакнам поддршката која што ја имате од Владата и од граѓаните на Република Македонија за полесно справување со поплавите и последиците од нив. Во духот на солидарноста, блискоста и заедништво кое ги поврзува нашите народи, сакам да Ве известам дека можете целосно да сметате на помошта на Владата на Република Македонија во ресурси во обем и вид кој цените дека ќе ви биде неопходен.

Истакнувајќи ја уште еднаш нашата поддршка, дозволете ми да ја изразам мојата надеж дека набрзо ќе успеете да ја нормализирате состојбата и да ги надминете последиците од поплавите.

 

Со почит,

 

 

Никола Груевски