Груевски телефонски разговараше со Вучиќ за состојбата со поплавите во Србија

Македонскиот премиер Никола Груевски телефонски разговарал со претседателот на српската Влада Александар Вуќиќ за состојбите со катастрофалните полави што ја зафатија Србја, како и за потребите и можностите за поддршка.

Груевски истакнал дека Македонија во секој момент и во најбрз можен рок е подготвена за давање помош на Србија во рамки на нејзините ресурси и можности.

Двајцата премиери,договориле натамошната комуникација и координација за сите потребни активности да ја преземат македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.