„Тигрите“ заминаа за Србија

Чета на Единицата за специјални задачи „Тигар“ обучена за спасување и помош во кризни ситуации изутрината замина со хеликоптер за Србија, каде треба да се вклучи во активностите за справување со поплавите.

- Дестинацијата на која се упатија утрово е Белград и зависно од потребите и насоките  кои од тамошниот кризен штаб што тие ќе ги добијат  подготвени се да дејствуваат во рамки  на нивните способности за кои се одлично обучени и опремени со целокупната  опрема,  изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Република Македонија, потсети, и понуди помош  на Србија и во  делот на снабдување со електрична енергија, бидејќи согласно различни фази со кои земјите се соочуваат  во оваа катастрофална елементарна непогода, потребите се  различни и ние ги следиме.  

Според Јанкулоска, се испраќа  помош онака како што тие ќе проценат дека е најпотребно и најинтервентно во даден момент.

- Доколку понатаму се јави потреба  од поинаков тип на помош и поинаков ангажман македoнската Влада е отворена повторно да  ги разгледа можностите и во рамки на нашиот максимален капацитет да одговориме секому кому му е потребна помош, изјави Јанкулоска.