Посета на министерот Мустафа на посебните основни училишта „Иднина“ и „Златан Сремец“

Министерот без ресор Неждет Мустафа, Национален координатор на Декадата и Стратегијата на Роми во Република Македонија денеска се сретна со директорите на посебните основни училишта ПОУ „Иднина“ и ПОУ „Златан Сремец“.

На средбата со директорите, како што соопшти Кабинетот на министерот,  се разговарало за условите во кои што учат децата со посебни потреби, како и за големиот број запишани деца без наод и мислење од Заводот за ментално здравје, пред се поради немањето на никаква документација за упис во редовните основни училишта, проблем кој исто така беше посочен и во Извештајот на ЕК за напредок на Република Македонија за 2011 година.

- Во таа насока, министерот Мустафа истакна дека има и случаи во кои ромски деца иако немат пречки во развојот, тие сепак се запишуват во ваквите установи и токму во тој дел потенцираше дека ваквите примери треба што е можно во покус временски рок да се решат и во иднина да не се повторат, се вели во соопштението.

Директорите на училиштата посочиле дека имаат проблеми со превозот на децата, а министерот Мустафа ветил дека лично ќе се заложи за надминување на овој проблем.