124-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
05.03.2019 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (564.61 KB)
Точки на предлог-дневен ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РСМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
1 Предлог-одлука за избор на овластен ревизор за ревизија на Годишната сметка и Финансиските извештаи на АД „МИА“ - Скопје за 2018 година
2 Барање за добивање на согласност за најниска висина на еднократен надоместок, со Предлог-одлука
3 Информација за пуштање во оперативна примена на Новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи-СОЦДАД (Царинска управа)
4 Информација за обука на пилоти и технички персонал
5 Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Северна Македонија во катастарот на недвижностите (недвижни ствари - објекти кои се наоѓаат на КП.бр.12031 КО Центар 1, на ул.Димитрије Чуповски бр.7 .У.Бр.624/18)
6 Предлог-закон зa урбанистичко планирање
7 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина
8 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесени од Хотел Канет - Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
9 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Младински Хотел - Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
10 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесени од Хотел Хилтон - Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
11 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесени од Хотел Тhe Stopy - Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
12 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесени од Хотел Монако - Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
13 Информација во врска со постапката за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина- минерална вода на локалитетот “с.Варвара“ општина Теарце, со Предлог-одлуки
14 Информација во врска со барањето за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - бакар, злато и сребро на локалитетот „Плавуш” општина Валандово и општина Струмица на Друштвото за експлоатација, преработка и производство САРДИЧ МЦ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
15 Информација во врска со активностите кои ги презема Република Северна Македонија за имплементација на Националната стратегија за одржлив развој и Целите за одржлив развој на Обединетите нации за периодот октомври 2018 - јануари 2019
16 Информација во врска со спроведена постапка за избор на универзален снабдувач со Предлог-одлука за избор на универзален снабдувач
17 Информација за 159-та Седница на Одборот на директори на претпријатието за нафтовод СОЛУН - СКОПЈЕ - ВАРДАКС АД, закажана за 6.03.2019 година
18 Предлог-закон за бесплатна правна помош
19 Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации
20 Информација за начинот на извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, со предлог-насоки за извршување на обврските на Република Северна Македонија кои произлегуваат од Конечната спогодба и Уставните амандмани и Уставниот закон
21 Информација за третиот, четвртиот, петтиот и шестиот извештај на Република Македонија по Конвенцијата на ОН за правата на детето и по двата Факултативни протоколи за вклученост на деца во вооружени конфликти и за трговија со деца, детска проституција и детска порнографија, со Предлог-текст на извештајот
22 Информација за поставеноста и дејствувањето на целокупниот Систем за кризи, имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи и насоки за реформирање на овој систем со користени компаративни искуства со Анализа
23 Информацијата во врска со донесување на Национална стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората 2019-2023 година, со Национална Стратегија и Акциски план
24 Информација за текот на постапката за продажба на движните опасни и експлозивни ствари
25 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движнa ствар на Министерство за финансии - Биро за јавни набавки
26 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ“, во Република Либан
27 Предлог-одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина
28 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“, во Исламската Република Авганистан (41 припадник)
29 Предлог-одлука за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на Република Азербејџан
30 Предлог-одлука за времено укинување на визите за краткорочен престој во Република Северна Македонија за државјаните на Тајван
31 Барање на Адем Барбатовци за прием во државјанство на РМ, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија
32 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје
33 Статут на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола (I Фаза)
34 Известување во врска со претставките од граѓани кои изразуваат незадоволство од донесеното решение на Министерството за здравство-Државен санитарен и здравствен инспекторат со кое на установите за загрижување на деца од предшколска возраст им се наложува да не се згрижуваат деца кои не се вакцинирани против морбили, рубеола и паротит (МРП)
35 Понуда од нотар Ирфан Јонузовски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.10510 за КО Илинден вон градежен на КП бр.224 викано место/улица Маслинка
36 Понуда од нотар Елена Ристовска од Штип за продажба на недвижен имот со Имотен Лист бр.320 и имотен лист бр.348 за КО Долани на КП бр.405 викано Место/улица Село, КП бр.404 викано место/улица Село и КП бр.515 викано место/улица Село
37 Понуда од нотар Зафир Хаџи Зафиров од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.44693 за КО Трубарево на КП бр.248 викано место/улица Село
38 Понуда од нотар Фатмир Ајрули од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.48300 за КО Бардовци на КП бр.881 викано Место/улица Рупа
39 Понуда од нотар Ана Брашнарска од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.57532 за КО Центар 2 на КП бр.265 викано место/улица Железничка
40 Кадровски прашања /124/
41 Прашања и предлози /124/
42 Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и Ревизија на усогласеност за 2017 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за хематологија Скопје (Сметка за средства од Фондот 01 2018 06 03/1 и Сметка за средства од Програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи 01 2018 06 03/2)
43 Тримесечен извештај за работата и материјално-финансиското работење на МЕР АД Скопје за периодот од 1.04.2018 година до 30.06.2018 година
44 Извештај за финансиското работење за периодот од 01.02018 до 30.09.2018 година на Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Северна Македонија
45 Финансиски план на Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје за 2019 година
46 Информација за определување на инспекциски места на царински испостави за контрола на увоз на храна од неживотинско потекло
47 Годишен извештај за работа на Националениот координативен центар за гранично управување за 2018 година
48 Годишен извештај за работа на Националната комисија за учебници за 2018 година
49 Акциски план за преземање мерки и активности кои произлегуваат од кои произлегуваат од конечните извештаи за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2017 година на Универзитетот во Тетово
50 Информација за активностите во насока на имплементација на клучните мерки под димензијата Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020
51 Информација со анализа за потребата од измена на закони со цел за надминување на постојните проблеми во областа на остварувањето на правата од работен однос на вработените во културата
52 Предлог-закон за јавното обвинителство, по скратена постапка
53 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Македонија
54 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности
55 Предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка
56 Предлог-одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2019 година
57 Информација со предлог нова организациска поставеност на органите на државната управа и други органи и организации од централната власт
58 Предлог-закон за социјалната заштита, по скратена постапка
59 Предлог-закон за социјална сигурност за старите лица, по скратена постапка
60 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка