25-та седница на Владата
Седницата се одржа на:
21.03.2020 - 18:00
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (2.38 MB)
Точки на предлог-дневен ред:
Точка | Наслов | ||
Пред точка | Информација за извршени инспекциски надзори, за 21.3.2020 – сумарен (преземени и планирани активности) | ||
1 | Записник од Шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 21 март 2020 година | ||
2 | Предлог од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство на нови дополнителни рестриктивни мерки и активности за справување, внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 | ||
3 | Предлог-одлуки за давање согласност на решенија за отстапување на одземени предмети (вкупно 9 моторни возила) во кривична и прекршочна постапка | ||
4 | Предлог-одлуки за давање согласност на решенија за отстапување на одземени предмети (вкупно 8 моторни возила) во кривична и прекршочна постапка | ||
5 | Предлог-одлуки за давање согласност на решенијата за отстапување на одземени предмети (вкупно 21 моторни возила) во кривична и прекршочна и во управна постапка и Предлог- одлука за престанок на важење на Oдлуката за давање на согласност на Решението за отстапување на одземен предмет со правосилна одлука на општина Илинден | ||
6 | Информација за исплата на пензии за март 2020 година | ||
7 | Информација за потребата од задолжување на Република Северна Македонија кај Светската банка со заем за развојни политики за итни ситуации, како и користење на финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд | ||
8 | Информација за задолжување на Република Северна Македонија на меѓународниот пазар на капитал | ||
9 | Предлог-уредба со законска сила за утврдување на задачи на Армијата на Република Северна Македонија за време на траењето на вонредната состојба | ||
10 | Предлог-деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија | ||
11 | Прашања и предлози /25/ | ||
12 | Предлог-уредба со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба | ||
13 | Информација за расположливи сместувачки капацитети за ставање на лица во државен карантин |