32-ра седница на Владата

Седницата се одржа на: 
31.03.2020 - 11:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (609.39 KB)
Точки на предлог-дневен ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РСМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Информација за извршени инспекциски надзори согласно Заклучок на Владата од седницата, одржана на 13.3.2020 година, со Извештај за 30.03.2020 година - сумарен
1 Информација за втор сет на економски мерки за справување со COVID-19 кризата
2 Предлог-уредба со законска сила за финансирање на организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје за време на вонредна состојба
3 Информација за реализација на активностите наведени во Акцискиот план за имплементација на дадените препораки од Конечните извештаи од овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на ЈЗУ Клиничка Болница Штип за 2017 година
4 Записник од Петнаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 31 март 2020 година
5 Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници - Скопје
6 Предлог-одлука за давање согласност на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија - Скопје бр. 0101-824/5 од 06.02.2020 година
7 Барање за нафтени деривати без надомест од Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати - Скопје на Република Северна Македонија, со Предлог-одлука
8 Предлог-одлука за престанок и за давање движни ствари на трајно користење на доброволно противпожарно друштво „ДОЈРАН“ (алат и опрема)
9 Предлог-одлука за престанок и за давање движни ствари на трајно користење на Извиднички одред Наум Наумовски Борче – Крива Паланка (алат и опрема)
10 Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, рециклирање и уништување на отпад
11 Годишна пресметка за 2019 година и Извештај за спроведување на Годишниот план за работа за 2019 година на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, со Предлог-одлука
12 Информација за состојбата на акумулација Прилеп
13 Информација за Годишниот Финансиски извештај на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје за период од 01.01.2019 година до 31.2019 година, Годишна сметка за 2019 година и ревизорски извештај за финансиското работење изготвен од независниот ревизор Расел Бедфорд Атанасовски ДООЕЛ Скопје, со Предлог-одлука
14 Извештај за реализираните активности и извршените преговори за текстот на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации
15 Информација со барање за овластување на општина Кавадарци за самостојно привремено решавање на состојбата од областа на управување со отпад на подрачје на општина Кавадарци
16 Предлог-уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година
17 1) Предлог-уредба со законска сила за примена на Законот за јавните набавки за време на вонредна состојба; 2) Предлог-уредба со законска сила за интервентна набавка на заштитни маски, со цел спречување на последиците од Коронавирусот (COVID-19) за време на вонредната состојба; 3) Предлог-уредба со законска сила за интервентна набавка на медицински ракавици, со цел спречување на последиците од корона вирусот (covid-19) за време на вонредната состојба
18 Предлог-уредба со законска сила за примена на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај
19 Предлог-уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај
20 Информација за статус на проектот „Реконструкција со рехабилитација на железничката делница Битола – Кременица“, согласно Извадокот од Нацрт - записникот од Деведесет и деветта седница на Владата, одржана на 10.03.2017 година
21 Информација за статус на проектот за изградба на железничка делница Крива Паланка - граница со Република Бугарија од Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020 година, согласно Извадокот од Нацрт - записникот од Деведесет и деветта седница на Владата, одржана на 10.03.2017 година
22 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Доа, Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
23 Информација во врска со поднесено барање за категоризација на угостителски објект за сместување од Хотел Бисер, с.Калишта - Струга, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителскиот објект
24 Информација за интересот за воспоставување соработка со Глобалниот Институт за зелен раст
25 Предлог-одлука за субвенционирање на каматата спрема Европската инвестициона банка која ќе се пресметува на преостанатиот дел од заемот во износ од 50.962.187,00 ЕВРА одобрен со Финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – V фаза, склучен меѓу Европската инвестициона банка и Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, како и пресметаната камата од страна на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје
26 Информација со иницијатива за потпишување на Заложба за транспарентност во процесот за преглед на имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата
27 Информација за Четвртиот периодичен извештај на Република Северна Македонија по Конвенцијата на ОН против тортура и друг груб, нехуман или деградирачки третман или казнување, со Предлог-текст на извештај
28 Информација за подготвениот седми Извештај за имплементацијата на ревидираната Европска социјална повелба, со текст на Повелба
29 Информација за имплементација на Работниот план за преглед на занимања за периодот 2018 – 2021 година
30 Предлог-одлука за престанок на користење на недвижни ствари на Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола и Предлог-одлука за давање на времено користење на недвижни ствари на Амбасада на Република Франција во Република Северна Македонија (деловни простории)
31 Годишен извештај за работата на Советот за граѓански надзор за 2019 година
32 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Кочани, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.6/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 18 став 2 во делот „став 2“ и член 46 став 2 во делот „за спроведување на постапката од ставот (1) на овој член“ од Законот за безбедност и здравје при работа
33 Понуда од нотар Елена Ристовска од Штип за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.89977 за КО Штип 2 на КП бр.1540 викано место/улица Бабите, Имотен лист бр.7202 за КО Штип 2 на КП бр.1540 викано место/улица К.Митев бр.5
34 Известување од извршител Андреја Буневски од Скопје за Заклучок за прва усна јавна продажба под И бр.627/2019, која ќе се одржи на 9 април 2020 година
35 Кадровски прашања /32/
36 Финансиски извештај на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје, за период од 1.10.2019 година до 31.12.2019 година
37 Извештај за извршен инспекциски надзор над спроведување на обврските на концесионерите утврдени во договорот за концесија на риби согласно Законот за рибарство и аквакултура за период јули – декември 2019 година
38 Извештај за работа на Националниот совет за информациски и комуникациски технологии за 2019 година
39 Годишен извештај за работата на Националниот координативен центар за гранично управување, за 2019 година
40 Годишен извештај на Државниот управен инспекторат за спроведени инспекциски надзори над спроведување на одредбите од Законот за административни службеници во 2019 година
41 Конечни извештаи за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2018 година на Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци со проширена дејност (Сметка за приходи од Фондот за здравствено осигурување за период од 1 јануари до 11 септември 2018 година и Сметка за сопствени приходи за период од 12 септември до 31 декември 2018 година)
42 Конечен извештај за извршена ревизија на успешност – „Реализација на високообразовниот кадар на пазарот на трудот во Република Северна Македонија“
43 Информација за плаќање на обврските од членството на Република Северна Македонија во Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели при ОЕЦД
44 Информација за реализирани активности во 2019 година од Програмата за заштита на потрошувачите за периодот 2019-2020 година
45 Информација за статусот на реализација на средствата во ИПА втората компонента - Прекугранична соработка јули-декември,2019 година
46 Информација за полугодишен извештај за реализација на годишните планови кој содржи податоци за бројот на планирани и бројот на реализирани вработувања во институциите на јавниот сектор по институција
47 Информација за реализираниот проект за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за зима 2020 година
48 Информација за можноста за изменување на Законот за работните односи, во насока на исклучување/елиминирање на обврската за објава на оглас за првите вработувања во новоформирани трговски друштва (ТП, ДОО и ДООЕЛ) во системот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија
49 Информација за намалување на непродуктивни расходи поради справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19
50 Информација за потребата од редизајнирање на Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) и Кредитната линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со цел олеснување на условите за апликација за кредити за намалување на последиците од Коронавирусот COVID-19
51 Информација за пренос на дополнително прибрани средства од Компензационите фондови од странска помош од сметките на Министерството за финансии во Народна банка на Република Северна Македонија на сметките на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје
52 Предлог-уредба со законска сила за примена на Законот за акцизите* за време на вонредна состојба
53 Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година