50-та седница на Владата
Седницата се одржа на:
08.05.2020 - 16:00
Соопштение за јавноста:
Записник од седница:
Преземи (520.37 KB)
Точки на предлог-дневен ред:
Точка | Наслов | |
1 | Записник од Четириесет и третиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 6 мај 2020 година | |
2 | Записник од Четириесет и четвртиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 7 мај 2020 година | |
3 | Записник од Четириесет и петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 8 мај 2020 година | |
4 | Барање за одобрување средства, согласно Договорот за реконструкција на локален пат Криволак - Пепелиште | |
5 | Предлог - уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градење за време на вонредна состојба | |
6 | Предлог - уредба со законска сила за примена на Законот за консолидација на земјоделско земјиште за време на вонредна состојба | |
7 | Информација за реализација на заклучоците на Владата на Република Северна Македонија, за преземените мерки и активности на риболовно подрачје Охридско езеро, во периодот февруари/април 2020 година | |
8 | Информација во врска со завршување на активностите поврзани со Проектот „Изградба на Коридор 10 - автопатска делница Демир Капија - Смоквица” | |
9 | Информација за објавените огласи за јавни набавки во месец април 2020 година | |
10 | Информација за евалуација на барања за субвенционирани станбени кредити согласно со Законот за субвенционирање на станбен кредит, во услови на вонредна состојба | |
11 | Предлог - oдлука за изменување на Одлуката за укинување на увозната давачка- царинската стапка за замрзнато свинско месо и свинско сало исчистенo oд месo и живинскo салo, неистoпени или пoинаку издвoени, свежи, разладени, замрзнати, сoлени, вo саламура, сушени или чадени | |
12 | Предлог - одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 | |
13 | Предлог - одлука за намалување на увозната давачка – царинската стапка на патенти за автонавлаки | |
14 | Предлог - решение за изменување на Решението за формирање на Комисија за евалуација на барањата за финансиска поддршка за инвестиции | |
15 | Информација за потпишување на Протокол за донација и Анекс кон Протоколот меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Кралството Норвешка | |
16 | Информација за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на ЈЗУ - Универзитетска клиника за кардиологија | |
17 | Информација за враќање на одобрени средства од Буџетот на Министерството за образование и наука за 2020 година | |
18 | Информација за исплата на чланарина за меѓународниот центар за генетско инжинерство и биотехнологија (ICGEB), Трст Италија | |
19 | Информација за потреба од дообезбедување на финансиски средства со цел донесување на одлука за најповолен понудувач и склучување на повеќегодишен договор за изградба на нов училишен објект во КО Мала Речица (за ООУ Наим Фрашери), Општина Тетово | |
20 | Решение У.бр.45/2020 од 28.04.2020 година за поведување на постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, бр.44-2640/1, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 2 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/20). | |
21 | Кадровски прашања /50/ | |
22 | Прашања и предлози /50/ | |
23 | Информација за одложување, односно не реализирање на проект за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2020 година |