77-ма седница на Владата

Седницата се одржа на: 
14.07.2020 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (484.25 KB)
Точки на предлог-дневен ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РСМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Извештај за степенот на реализација на капиталните инвестиции
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
1 Записник од Сто и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 21 јули 2020 година

 

2 Информација за работата на Советот за управување со јавни финансии со Нацрт - годишен извештај за следење на спроведувањето на Акцискиот план за 2019 година за Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за периодот јануари 2019 година – декември 2019 година и Нацрт - акциски план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година
3 Информација за пристапување на Република Северна Македонија кон европската рамковна програма за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ (2021-2027)
4 Информација за напредокот на Република Северна Македонија во делот на „Цивилна подготвеност“ НАТО Процес на одбранбено планирање (NDPP) за период Јануари 2020 - Јуни 2020
5 Записник од Деведесет и седмиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 14 јули 2020 година
6 Записник од Деведесет и осмиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 16 јули 2020 година
7 Записник од Деведесет и деветтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 17 јули 2020 година
8 Записник од Стоттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, одржан на 20 јули 2020 година
9 Предлог - одлука за запишување на правото на сопственост на недвижна ствар во корист на РСМ во катастарот на недвижност ДП 03-312/20 (КП бр. 14114 КО Прилеп)
10 Предлог - одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2020/512 на Советот од 7 април 2020 година за изменување на Одлуката 2011/235/ЗНБП за рестриктивни мерки против одредени лица и субјекти во однос на состојбата во Иран
11 Предлог - одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2020/563 на Советот од 23 април 2020 година за изменување на Одлуката 2013/184/ЗНБП за рестриктивни мерки против Мјанмар/Бурма
12 Предлог - одлука за утврдување на работите од премерот во функција за запишување на недвижности сопственост на Република Северна Македонија (КП бр.1/1 KO Мралино - општина Илинден)
13 Предлог - одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар - Скопје (вентилатори)
14 Иницијатива поднесена од Дарко Јаневски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.218/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 60 став 2 во делот: „примените задолжителни вакцини за детето“ од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/2019)
15 Иницијатива поднесена од Борко Симоски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.180/2020 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 192 ставови 1, 2, 3 и 4 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/2010, 132/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 77/2012, 29/2014, 33/2015, 193/2015 и 71/2016) и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/2019, 275/2019 и 14/2020).
16 Прашања и предлози /77
17 Информација за учеството на Република Северна Македонија во НАТО Процесот на одбранбено планирање (NDPP)