Стратешки приоритети

Владата на Република Северна Македонија е силно посветена на зацврстување на унитарноста, суверенитетот и стабилноста на државата, ја декларира својата силна политичка волја за реформско работење фокусирано на заедничките стратешки приоритети на Република Северна Македонија, членство во НАТО и Европската Унија, обезбедување реална поделба на власта, функционирање на правната држава и градење на силни, професионални и отворени институции.

Владата, целосно почитувајќи го Уставот и меѓународните обврски на Република Северна Македонија, работи на обединување на сите зад платформата за глобална и признаена Северна Македонија. Посветено градиме добри меѓуетнички односи, врз принципите на меѓусебно почитување и толеранција и спроведување на Охридскиот рамковен договор. Ваквата реформска агенда овозможува остварување на заедничките цели кои ги споделуваат граѓаните на Република Северна Македонија: подобар живот на сите граѓани, развој на економијата, враќање на демократијата, владеење на правото и на правдата, еднаквост на граѓаните, ефикасни институции, квалитетно образование и здравство, како и подобрување на меѓународниот углед и позиција на Република Северна Македонија. 

Стратешки приоритети на Владата се:

  • развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните;
  • полноправно членство на Република Северна Македонија во НАТО;
  • успешно водење на пристапните преговори со Европската Унија;
  • одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата;
  • јакнење на владеењето на правото, преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа;
  • реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија;
  • реформи во правосудството;
  • целосно спроведување на Охрдискиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување;
  • намалување на аерозагадувањето.

*Сите приоритети имаат еднакво значење.


Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија - 2017 - 2020 [преземи]

Програмата за работа на Владата има за цел да ги опише клучните приоритети на кои оваа Влада се посветува и начините на кои планира да ги воведе и спроведе реформите кои се од големо значење за сите граѓани, но и за државата. 

Програмата е поделена во повеќе клучни области:

  1. Економски раст, повеќе работни места, повисок стандард
  2. Праведен даночен систем
  3. Нови работни места и повисоки плати
  4. Поддршка на домашните претпријатија
  5. Социјална заштита
  6. Република Северна Македонија - членка на НАТО и Европската унија
  7. Одбранбена политика во НАТО контекст
  8. Градиме едно општество за сите
  9. Одговорна власт и контрола над власта
  10. Пристап до правдата
  11. Човекови права
  12. Професионална полиција - безбедност за сите граѓани
  13. Слободни медиуми
  14. Институции во служба на граѓаните
    1. Образование за новото време
    2. Поддршка за младите
    3. Квалитетно здравство
    4. Јавна администрација како сервис
  15. Инвестиции за одржлив раст
    1. Земјоделство
    2. Инфраструктура
    3. Енергетика
    4. Информатичко општество
  16. Здрава животна средина
  17. Заштита од природни катастрофи
  18. Слободна и европска култура
  19. Локална самоуправа и рамномерен регионален развој
  20. Поттик за спортот

Програми на Владата за тековни години

Согласно Законот за Владата на Република Северна Македонија и Деловникот за работа на Владата на Република Северна Македонија, секоја година се изработуваат едногодишни програми за работа на Владата, кои се во согласност со Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2017 - 2020 година, Методологијата за стратешко планирање и подготвување на Годишната програма за работа на Владата на Република Северна Македонија и стратешките приоритети на Владата.

Програмата за 2019 година е во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели за 2019 година на Владата на Република Северна Македонија содржани во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2017 - 2020 година.

Тековна програма: 

Програма за работа на Владата за 2019 година

Стари програми:

Програма за работа на Владата за 2018 година

Програма за работа на Владата за јуни - декември 2017 година


Планови за реформски приоритети

Покрај програмите за работа, Владата има и планови за реализирање на клучни реформски приоритети или дефинирани стратешки цели. 

Тековни планови:

План за чист воздух

План за економски раст

Завршени планови:

План 18 - Градиме држава по европски правила

План за итни реформски приоритети „3 - 6 - 9“


Стратешки план на Генералниот секретаријат

Стратешкиот план на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2019-2021 година содржи мерки и активности кои се во функција на остварување на стратешките приоритети и цели на Генералниот секретаријат и на стратешките приоритети и цели на Владата на Република Северна Македонија.

Стратешки план на Генералниот секретаријат 2019 - 2021 година

Годишен план за работа на Генералниот секретаријат за 2019 година

Процес на стратешко планирање на Генералниот секретаријат


Национални стратегии

Со цел брзо, ефикасно и темелно спроведување на политиките на Владата на Република Северна Македонија, една или повеќе институции можат да предложат национална стратегија за извесна политика пред Владата. Влада на Седница одлучува за усвојувањето на одредена национална стратегија, а по усвојувањето го известува Собранието на Република Северна Македонија за истата. 

Национални стратегии на Владата