65-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
26.07.2022 - 13:15
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (616.33 KB)
Точки на предлог-дневен ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записникот од 61-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 18 јули 2022 година
Пред точка Усвојување на Записникот од 62-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 19 јули 2022 година
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија
Пред точка Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија
Пред точка Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање
Пред точка Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија
Пред точка  Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јули 2022 година – 31 декември 2022 година
Пред точка  Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка  Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка  Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Пред точка  Агенда за дигитална трансформација
Пред точка  Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција
Пред точка  Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово
1 Информација со предлог за спогодбено раскинување на Договорот за пристапување кон јавно приватно партнерство за реализација на проект изградба на мини хидроелектрична централа “Топлец” бр. 02-462/1 од 28.11.2011 година, се доставува во согласност со Заклучокот од Владата на Република Северна Македонија од 122-та седница одржана на 30.11.2021 година
2 Информација во врска со извршени лекувања на осигуреници во Maltezer Krankenhaus St.Fraziskus-Hospital, во Фленсбург Германија и побарување на дополнителни трошоци од лекувањата од болницата како и побарувања од страна на Фондот на повеќе уплатени средства
3 Конечен извештај за извршена ревизија на успешност „Ефективност на мерките на Владата на Република Северна Македонија за родова еднаквост и соодветни родови буџетски иницијативи“
4 Предлог-одлука за давање согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад (Јавна установа Специјален завод – Демир Капија)
5 Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за изведување на градежни работи за санација и делумна реконструкција за постигнување на енергетска ефикасност на објект: ПОУ „Дедо Лазо Цирковски“ с.Враништа, општина Струга, како и Услуги за вршење на стручно технички надзор врз санација и делумна реконструкција за постигнување на енергетска ефикасност на објект: ПОУ „Дедо Лазо Цирковски“ с.Враништа, општина Струга
6 Предлог-уредба за методологија за утврдување на критериумите за распределба на блок дотации од областа на културата во 2023 година
7 Информација за пристапување на Република Северна Македонија кон Проширениот парцијален договор за културните рути на Советот на Европа
8 Информација за потребата од преземање на социјалните услуги финансирани од „Проектот за подобрување на социјалните услуги“ од Министерството за труд и социјална политика
9 Информација за спроведување на повеќегодишна групна јавна набавка за изведување на градежни работи за изградба на детска градинка во општина Делчево
10 Информација за креирање на Национална стратегија за правата на лицата со попреченост
11 Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2021 година и Финансиски извештаи за 2021 година со Извештај на независниот ревизор
12 Иницијатива поднесена од Сашо Балабанов од Штип, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.60/2022 за поведување на постапка за оценување на уставноста на: член 33 став 1 и член 67 став 1 точка 6 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр.66/2004 и 139/2008); член 60 став 2 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/2019) и уставноста и законитоста на член 7 став 1 алинеја 2 од Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и центар за ран детски развој („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/2013, 154/2013, 127/2014, 146/2015, 159/2016 и 85/2019)
13 Иницијатива поднесена од Страбаг АГ Подружница Страбаг од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.50/2022 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 134 ставови 2 и 3 од Законот за работните односи
14 Кадровски прашања
15 Прашања и предлози 
16 Акциски план за имплементација на препораките на Државниот завод за ревизија
17 Одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката за спроведување (ЗНБП) 2022/881 на Советот од 3 јуни 2022 година за спроведување на Одлуката 2012/642/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на состојбата во Белорусија и вклученоста на Белорусија во руската агресија врз Украина
18 Предлог-одлука за отворање Почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Турција со седиште во Сивас
19 Одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2022/884 на Советот од 3 јуни 2022 година за изменување на Одлуката 2014/512/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина
20 Одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2022/882 на Советот од 3 јуни 2022 година за изменување на Одлуката 2012/642/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на состојбата во Белорусија и вклученоста на Белорусија во руската агресија врз Украина
21 Предлог-одлука за отворање Почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Хрватска со седиште во Риека
22 Одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2022/883 на Советот од 3 јуни 2022 година за изменување на Одлуката 2014/145/ЗНБП за рестриктивни мерки во однос на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина
23 Предлог-решение за именување Почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Хрватска со седиште во Риека
24 Одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2022/885 на Советот од 3 јуни 2022 година за изменување на Одлуката 2014/145/ЗНБП за рестриктивни мерки во однос на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина
25 Предлог-решение за именување Почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Турција, со седиште во Сивас
26 Одлука за давање согласност за бројот на студентите кои се запишуваат на трет циклус на студии на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во академската 2022/2023 година
27 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „SABER JUNCTION 22“ во Сојузна Република Германија
28 Информација за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради изведување на „Обука за евакуација на лица во тешко проодни планиски услови“ со Предлог-одлука
29 Информација за продолжување на постапката за потенцијално задолжување на Република Северна Македонија на меѓународниот пазар на капитал во 2022 година