164-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
04.07.2023 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (552.24 KB)
Точки на дневниот ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записникот од Сто педесет и седмата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 31 мај 2023 година
Пред точка Усвојување на Записникот од Сто шеесет и првата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 20 јуни 2023 година
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија
Пред точка Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија
Пред точка Информација за доставување на ИПА III секторските оперативни програми за периодот 2024-2027 до Европска комисија
Пред точка Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање
Пред точка Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јануари 2023 година – 30 јуни 2023 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Пред точка Агенда за дигитална трансформација
Пред точка Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција
Пред точка Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово
1 Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово
2 Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање, со Предлог –одлука (запишан во Имотен лист 1580, КП 2592/3 КО Морани)
3 Предлог за поведување постапка за водење преговори за склучување Безбедносен договор меѓу Владата на Кралството Норвешка и Владата на Република Северна Македонија
4 Предлог за поведување постапка за водење преговори за склучување Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Молдавија за размена и заемна заштита на класифицирани информации
5 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во катастарот на недвижности У 78/22 (КП бр.531 КО Долно Лисиче)
6 Предлог-одлука за запишување на правото на сопственост на недвижна ствар во корист на Република Северна Македонија во катастарот на недвижности У 35/22 (на КП.бр.6086, КО Центар 1)
7 Информација за правосилност на одлуката на Европскиот суд за човекови права во предметите Исеини против Северна Македонија А.бр.35172/22 и две други апликаци (А.бр.37064/22 и А.бр.46627/22)Одлука на Европскиот суд за човекови права по постигната пријателска спогодба
8 Информација со препорачани решенија за зајакнување на координацијата во спроведувањето на мерките и активности од областа анти-корупциска политика, како и за зајакнување на координацијата во известувањето за спроведените мерки и активности од областа анти-корупциска политика, со Предлог-одлука и Предлог-решение
9 Предлог-одлука за престанок и за давање на времено користење на недвижни ствари на Министерство за одбрана (КО Кочани)
10 Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово
11 Предлог-одлука за воведување на рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2023/756 на Советот од 13 април 2023 година за изменување на Одлуката 2014/145/ЗНБП во врска со рестриктивните мерки во поглед на дејствијата што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина и Регулативата за спроведување (ЕУ) 2023/755 на Советот од 13 април 2023 година за спроведување на Регулативата (ЕУ) бр. 269/2014 во врска со рестриктивните мерки во однос на дејствијата што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина
12 Предлог-одлука за воведување рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2023/727 на Советот од 31 март 2023 година за изменување на Одлуката 2011/235/ЗНБП за рестриктивни мерки насочени против одредени лица и субјекти во однос на состојбата во Иран и Регулативата за спроведување (ЕУ) 2023/721 на Советот од 31 март 2023 година за спроведување на Регулативата (ЕУ) бр. 359/2011 за рестриктивни мерки насочени против одредени лица, субјекти и тела во однос на состојбата во Иран
13 Предлог-одлука за воведување рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2023/848 на Советот од 24 април 2023 година за изменување на Одлуката (ЗНБП) 2016/1693 за рестриктивни мерки против ИСИЛ (Да’еш) и Ал Каеда и лица, групи, претпријатија и субјекти поврзани со нив и Регулативата за спроведување (ЕУ) 2023/845 на Советот од 24 април 2023 година за спроведување на Регулативата (ЕУ) 2016/1686 за воведување дополнителни рестриктивни мерки насочени против ИСИЛ (Да’еш) и Ал Каеда и физички и правни лица, субјекти или тела поврзани со нив
14 Предлог на закон за дополнување на Законот за облигационите односи, по скратена постапка (поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов)
15 Предлог на закон за дополнување на Законот за извршување, по скратена постапка (поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов)
16 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување, поднесен од пратениците Јован Митровски, Арбер Асеми, Снежана Калеска Ванчева, Соња Мираковска, Фаница Николовска, Панчо Минов, Мартин Костовски, Даниела Марковска, Марија Костадинова, Илија Николовски, Аднан Незири и Емилија Рамбабова
17 Предлог на закон за дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по скратена постапка (поднесен од пратениците Снежана Калеска Ванчева, Жаклина Лазаревска, Фаница Николовска, Даниела Маркоска и Марија Ангелова)
18 Кадровски прашања 
19 Прашања и предлози 
20 Информација за потребата од донесување на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка
21 Информација во врска со договорот за Изведба на Клиничка Болница Штип со предлог решение (проект) за завршување на објектот изготвен од страна на Изведувачот
22 Понуда од нотар Ермира Мехмети од Скопје за продавање на недвижен имот со Имотен Лист бр.5025 за КО Илинден - Вонград
23 Информацијата за непостапување на надлежни државни органи за извршување на правосилна судска пресуда за конфискација на имот и имотна корист во странство
24 Понуда од нотар Ермира Мехмети од Скопје за продавање на недвижен имот со Имотен Лист бр.5015 за КО Илинден - Вонград
25 Информација со иницијатива за задолжување за имплементација на Проект за изградба на инфраструктурен Проект - Коридор 8 и Коридор 10 д
26 Заклучок за втора усна јавна продажба од извршител Снежана Андреевска, доставен под И.бр.2410/19 и Налог за извршување врз недвижен имот запишан во Имотен лист бр.65 за КО Шивец, Имотен лист бр.691 за КО Шивец и Имотен лист бр.4 за КО Дреново
27 Предлог на закон за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој 
28 Информација за одржување на Третата седница на Мешовитата комисија по Меморандумот за економска соработка меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за економија на Словачката Република
29 Информација во врска со подготовката и усогласувањето на документот Систематска дијагностика на земјата, во соработка со Светска банка
30 Извештај за извршени преговори со усогласен текст на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини „Блаце-Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“
31 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 20.06.2023 до 26.06.2023 година
32 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението за период од 22.06.2023 до 28.06.2023 година
33 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 13.06.2023 до 19.06.2023 година
34 Писмено известување за кризната состојба заради поплави на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка, заради поплави и справување со последиците од нив за период од 20.06.2023 до 26.06.2023 година
35 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението за период од 15.06.2023 до 21.06.2023 година