180-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
22.08.2023 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (650.16 KB)
Точки на предлог-дневен ред: 
Точка Наслов
Пред точка Усвојување на Записникот од 174-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 25 јули 2023 година
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија
Пред точка Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија
Пред точка Информација за Планот за раст за земјите од Западен Балкан претставен од страна на ЕК
Пред точка  Информација за подготовка на деветнаесеттиот состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика кој ќе се одржи на 21 септември 2023 година, преку видео конференциска врска
Пред точка Информација за статусот на подготовка на патоказите за владеење на правото, функционирање на демократските институции и реформа на јавната администрација
Пред точка Информација за одржан билатерален скрининг за Поглавје 17-Економска и монетарна политика од Кластер 3- Конкурентност и инклузивен раст
Пред точка Информација за одржан билатерален скрининг за Кластер 3 Конкурентност и инклузивен раст, Поглавје 20 Претпријатија и индустриска политика
Пред точка Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање
Пред точка Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јули 2023 година – 31 декември 2023 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Пред точка Агенда за дигитална трансформација
Пред точка  Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција
Пред точка Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово
1 Предлог на закон за изменување на Законот за хартии од вредност, по скратена постапка
2 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Министерството за транспорт и врски - Капетанија на пристаништата
3 Информација за продажба на одземен недвижен имот на прво јавно наддавање и предлог –одлука за истата (запишан во Имотен лист 1501, КП 3180, КП 3182, КП 3181, КП 3192, КП 3189, КП 3178, КП 3196 и КП 3205 КО Богородица)
4 Информација за давање на согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, со Предлог - одлука
5 Предлог - одлука за формирање на меѓуинституционална работна група за подготвување на национална проценка на закани од тероризам и Предлог - решение за назначување координатор и членови на меѓуинституционална работна група за подготвување на национална проценка на закани од тероризам (Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам)
6 Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на недвижни ствари во корист на Република Северна Македонија во Катастарот на недвижности У.бр 51/21 (КП. бр.13617 КО Центар 1 )
7 Информација за финализирање на активностите на Проектот „Светот на дланка - Бесплатни интернет клубови“, со Aкциски план
8 Информација за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Северна Македонија, органите на државната управа и други органи и организации што имаат јавни овластувања, во периодот јануари - март 2023 година
9 Предлог -одлука за отповикување и завршување на мандатот на г. Дејан Ѓучиќ, генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Хеленската Република, со седиште во Солун
10 Предлог - oдлука за отповикување на г-ѓа Сања Зографска Крстеска, генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Комонвелтот Австралија, со седиште во Мелбурн
11 Предлог-одлука за отворање ПК на Република Северна Македонија во Република Турција, раководено од ПК, со седиште во Анталија
12 Предлог - решение за именување ПК на Република Северна Македонија во Република Турција, со седиште во Анталија
13 Предлог-решение за изменување на решението за назначување на членови и нивни заменици на Националниот совет за сајбер безбедност
14 Предлог - решение за именување претседател, национално контакт лице, членови и секретар на Националната комисија за мало и лесно оружје
15 Предлог-одлуки за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на општина Сарај (9)
16 Предлог-закон за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов
17 Предлог - закон за дополнување на Законот за јавни патишта, по скратена постапка, поднесен од група пратеници
18 Годишен извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година
19 Иницијатива поднесена од Хелсиншки комитет за човекови права од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.96/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/2023)
20 Иницијатива поднесена од Политичката партија ЛЕВИЦА од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.92/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на одредби од Законот за матичната евиденција („Службен весник на РМ бр.8/1995, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020 и 129/2023)
21 Кадровски прашања 
22 Прашања и предлози 
23 Извештај за процесот на консултации при подготовка на предлози на закони, користење на ЕНЕР и други механизми за соработка со граѓанските организации во 2022 година
24 Извештај за степенот на реализација на Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2023 година (период јануари-јуни)
25 Информација за потребата за изработка на Проценки за степенот на закани и ризици за националната безбедност на државата
26 Информација за потребата од обезбедување на дополнителни средства во вид на заем од Светска Банка за затворање на финансиската структура на проектот за надградба и развој на патиштата
27 Информација за потребата за измена на Сепаратниот договор кон Договорот за заем и Договорот за грант, склучен помеѓу КФВ Банката и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за Програмата за наводнување на Северна Македонија
28 Предлог-програма за дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2023 година
29 Информација за реализација на меѓународната изложба „105 години Требениште“ во Националниот археолошки институт со Музеј при БАН во Софија
30 Предлог-програма за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година
31 Предлог-одлука за основање на Државен студентски дом во Тетово
32 Информација за давање согласност за преземање на обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредни години на Министерството за здравство за набавка на 22 амбулантни возила со надоградена медицинска опрема за потребите на Јавните здравствени установи во Република Северна Македонија
33 Информација за добивање согласност и оценување на оправданоста на барањето за вработување на неопределено време во АД ЕСМ-Скопје, за што е надлежна Владата на Република Северна Македонија, согласно член 20 став 3 и 4 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година
34 Информација за потреба од нови вработувања во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката-Скопје
35 Измена на информација за спроведување на повеќегодишна групна јавна набавка за изведување на градежни работи за изградба на детска градинка во Општина Делчево
36 Информација за формирање на Работна група за разгледување на предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, како и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите
37 Писмено известување за кризната состојба заради поплави на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка, заради поплави и справување со последиците од нив за период од 08.08 - 14.08.2023 година
38 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 04.08. - 10.08.2023 година
39 Информација за потребата од спроведување на итни мерки и превземање на активности за спречување на ширењето на Конго Кримска хеморагична треска и проценка на ризик од понатамошно ширење на болеста помеѓу Агенција за храна и ветеринарство и здравствените установи во рамки на концептот Едно здравје
40 Информација за воспоставување на соработка помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и А.Д за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија” во државна сопственост - Скопје, (А.Д Пошта на Северна Македонија – Скопје) заради реализација на проектот Една Точка на Услуги