12-та седница на Владата
Седницата се одржа на:
26.03.2024 - 12:00
Соопштение за јавноста:
Точки на предлог-дневен ред:
Точка | Наслов |
Пред точка | Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање |
Пред точка | Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија |
Пред точка | Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија |
Пред точка | Информација за статусот на подготовка на Реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан |
Пред точка | Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи |
Пред точка | Статус на реализација на Рамковниот договор |
Пред точка | Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија |
Пред точка | Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јануари 2024 година – 30 јуни 2024 година |
Пред точка | Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците |
Пред точка | Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион |
Пред точка | Агенда за дигитална трансформација |
Пред точка | Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција |
Пред точка | Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово |
1 | Информација за изменување на заклучок бр.44-7701/1 од 14.08.2018 година, по Информација за реализација на Договорот меѓу Република Македонија и ЕВРОПРАВДА (EURO-JUST) |
2 | Информација со Предлог-одлука за формирање Совет за следење на имплементацијата на Развојната секторска стратегија за правосудство (2024 – 2028) со Акциски план |
3 | Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението за период од 07.03.2024-13.03.2024 година |
4 | Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 05.03.2024 до 11.03.2024 година |
5 | Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.93/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 57 став 2 во делот „член 10 став 3 на“ од Законот за одбрана |
6 | Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд под У.бр.105/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 16 став 4 од Законот за управните спорови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019) |
7 | Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.95/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 4 став 3 во делот „поради судска ненадлежност“ од Законот за медијација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.294/2021) |
8 | Прашања и предлози |
9 | Извештај за реализација на Судскиот буџет за 2022 година |
10 | Информација за потребата на доделување на Амандман број 5 (Amendment 5 to Letter of offer and acceptance-LOA MK-B-UCC JLTV) кон склучениот договор влада со влада за набавка на лесни оклопни возила на тркала JLTV, помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави |
11 | Информација за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево – Охрид, заради склучување Анекс бр.6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид |
12 | Предлог за донесување 16-та Одлука за предавање недвижност во владение на Јавното претпријатие за државни патишта |
13 | Информација за текот на постапката за експропријација со Барање Владата да осигура постапувцање на итен и забрзан начин на сите релевантни државни и локални власти за спроведување на постапката за експропријацијас и сите други активности за спроведување на проектот Изградба на инфрас.кор8 и кор10Д |
14 | Информација за измена и дополнувања на обемот на делницата на автопатот Тетово - Гостивар од кор.8 и на делницата на автопат Прилеп - Битола од кор.10Д |
15 | Информација за потребата од промена на опфатот во секција 1 (Тетово - Гостивар), секција 2А (Гостивар Букојчани) и секција 4 (Прилеп - Битола) преку искористување на државно земјиште во полза на приватни парцели со цел намалување на времето и трошоците потребни за спроведување на постапката за експропријација за спроведување на проектот за изградба на инфрас.кор8 за делница Тетово Гостивар Букојчани, проектот за автпатот Требеништа Струга Ќефасан и кор.10д делница на автопатот Прилеп Битола |
16 | Информација за тип на наплата на патарина на кот.8 Тетово Ќафасан и кор.10д Прилеп Битола |
17 | Информација за идентификација на дигитални иновациски хабови во Северна Македонија |
18 | Информација за законскиот основ за никотински вреќички, со Предлог-заклучоци |
19 | Предлог-одлука за отворање почесен конзулат на Република Северна Македонија во Швајцарската Конфедерација, со седиште во Женева |
20 | Предлог-решение за именување на почесен конзул на Република Северна Македонија во Швајцарската Конфедерација, со седиште во Женева |
21 | Предлог-одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Битола |
22 | Информација со предлог Програма за одбележување на Саем на месецот на жената – Гласна и храбра 2 |
23 | Информација за давање одобрение за основање на приватно средно училиште „Медресеja Иса Беу“ во с.Кондово, Скопје, со Предлог-одлука |
24 | Информација во врска со организирање на Министерска конференција на 2 и 3 април 2024 година во Скопје, во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со Процесот за соработка на Југоисточна Европа |
25 | Информација во врска со одржување на седница на Собрание на акционери на Тутунски комбинат АД Прилеп, закажана за ден 03.04.2024 година |
26 | Информација во врска со извршената евалуација од Јавниот повик за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина– песок и чакал на локалитетот „Паликура 2“ општина Неготино 8/2023 (Службен весник на Република Северна Македонија бр.284/23), со Предлог-одлукa |
27 | Предлог-одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година |
28 | Информација од Претседавачот на Координативното тело за следење на арбитражните постапки произлезени од меѓународни договори за разгледување на предлог, контра-понуда предложена од адвокатската куќа Orrick, Herrington & Sutcliffe за предметот г. Гокул Дас Бинани и г-ѓа Маду Бинани како тужители против Република Северна Македонија, за намирување на долгот на Бинаниеви кон Република Северна Македонија (извршна постапка) |
29 | Известување од Комисијата за вршење подготовки за почеток со работа на Јавната научна установа Институт за интелектуална сопственост, формирана со Решение бр. 41-12030/6 од 28.11.2023 година (Институт за интелектуална сопственост) |