29-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
05.11.2024 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Точки на предлог-дневен ред: 
Точка Наслов
1 Конечен извештај на Овластен државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2023 година во Министерството за финансии-функции на државата
2 Конечен извештај за извршена ревизија на усогласеност на тема „Процесот на доделување на договорите за јавни набавки“ (АД ЕСМ Електрани на Северна Македонија, АД ЕСМ Електрани на Северна Македонија-Подружница ТЕЦ Неготино-Неготино, ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје, ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“-Охрид и општина Битола)
3 Конечен извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2022 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести - Скопје, Сметка за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531) и Конечен извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2022 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести - Скопје, Сметка за средства од Фондот (737)
4 Конечен извештај за извршена ревизија на успешност ,,Користење на здравствените услуги за радиолошка дијагностика со магнетна резонанца"
5 Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2022 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за очни болести, Сметка за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствена услуга и други средства од сопствени приходи (531) и Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2022 година на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за очни болести, Сметка за средства од Фондот (737)
6 Информација за постапување по Заклучок на Влада по точка 88 од дваесет и шестата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 16 Октомври 2024 година (Кров на зградата на Владата на Република Северна Македонија)
7  Информација за постапување по Заклучок на Влада по точка 35 од дваесет и шестата седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 16 Октомври 2024 година (Кров на зградата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство)
8 Извештај за работата на Технолошко индустриските развојни зони за период 01.01.2023 до 31.12.2023 година
9 Статутарна одлука за изменување на Статутот на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица“ Пробиштип, со Предлог-одлука
10 Информација за давање согласност за користење на деловен простор под закуп на Јавното претпријатие за државни патишта
11  Информација во врска со потребата од престанок на користење на недвижна ствар во државна сопственост и пренесување во сопственост на Општина Кавадарци
12  Предлог-одлука за пренесување во сопственост на недвижна ствар на Општина Аеродром
13 Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад (ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ,,13 НОЕМВРИ“ - Скопје)
14 Предлог на Закон за изменување и дополнување на Закон за Централен регистар, по скратена постапка
15 Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, по скратена постапка
16 Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, по скратена постапка
17 Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, по скратена постапка
18 Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка
19 Предлог - Уредба за методологија за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2025 година
20 Предлог - Уредба за изменување дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2024 година
21 Информација за одобрување на Измена и дополна на Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен коридор 8, делница на автопат: Тетово-Гостивар, oпштина Тетово, oпштина Боговиње, oпштина Брвеница, oпштина Врапчиште, општина Гостивар (км 35+641 – км 53+127) (измена бр.2)
22 Информација со предлог- oдлуки за утврдување на геодетските работи за посебни намени сврзани со ажурирање на геодетски подлоги во функција на планирање на просторот, предвидено со Годишната програма за финансирање на изработката на урбанистички планови за 2024 година
23 Информација со Предлог - одлука за дополнување на Одлуката за распределба на средства обезбени во ставка 464-Разни трансфери во Буџетот на Министеството за транспорт за 2024 година
24 Информација по Барање за регулирање на долг бр.16-6715/2 од 08.08.2024 година поднесено од Општина Македонски Брод
25 Информација во врска со поднесената иницијатива за започнување на постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – бентонитска глина на локалитетот „Бела Глава“ с.Кучково општина Ѓорче Петров, со предлог – одлуки
26 Информација во врска со статусот на реализација на Договорот за концесија за мхец бр.407 Пена
27 Информација во врска со статусот на реализација на Договорот за концесија за мхец бр.104 Габровска река
28 Информација во врска со барањето на Концесионерот БИОР Енерги ДОО Тетово за продолжување на рокот за изградба и почеток со работа на малите хидроелектрични централи, МХЕЦ Речица 1 и МХЕЦ Речица 2
29 Информација во врска со барањето на Концесионерот “Индиго Хидро Македонија” ДОО Скопје за продолжување на рокот за изградба и почеток со комерцијална работа на мали хидроелектрични централи, MХЕЦ Маркова со реф.бр. 143, MХЕЦ Маркова со реф.бр.144 и MХЕЦ Маркова со реф.бр.145
30 Информација во врска со барањето на Концесионерот Гравис Хидро ДОО Гостивар за продолжување на рокот за изградба и почеток со комерцијална работа на мали хидроелектрични централи, МХЕЦ Пена со реф. бр 84, МХЕЦ Пена со реф.бр. 85
31 Информација во врска со барањето на Шпаркасе Банка АД Скопје за склучување на Директен договор со Владата на Република Северна Македонија со цел давање на согласност за залог врз уделите на Концесионерот Актуел Енерџи Груп ДОО Скопје
32 Информација во врска со барањето на Шпаркасе Банка АД Скопје за склучување на Директен договор со Владата на Република Северна Македонија со цел давање на согласност за залог врз уделите на Концесионерот E.K.O. Енергетика ДООЕЛ Битола
33 Информација за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Проект за инфраструктура за реконструкција на државен пат Р1109, делница-обиколница на Богданци, општина Богданци со Предлог-одлука
34 Информација за добивање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со Љупчо Наков, с.Тимјаник, Неготино, со Предлог-одлука
35 Информација за отпочнување со реализација на проектот: Изградба на водоводна и канализациона инфраструктура на сервисни улици според ДУП за дел од УЕ 97 во м.в. Плуждино и Горни Бунар и изградба на водоводна и канализациона инфраструктура во ЛУПД, КО Три Чешми, општина Штип
36 Информација за отпочнување со реализација на проектот: Реконструкција на водовод и фекална канализација на ул. „Асном“, ул. „Боро Милевски“, ул. „Рудо“, ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ и за Ромска населба „Света Недела“ и реконструкција на водоснабдување на м.в. Новакова Чешма и м.в. Плуждино, во општина Штип
37 Информација за реализирани активности за учество на Република Северна Македонија на ЕКСПО 2025, Осака, Кансаи, Јапонија, со Предлог-решение и Предлог-програма за културни настани од Министерството за култура
38 Предлог-програма за дополнување на Годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови за 2024 година
39 Предлог - Програма за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година
40 Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година.
41 Предлог Одлука за зголемување на квотата на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд
42 Предлог - одлука за едностран раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот ,,Остра Чука“ , општина Долнени
43 Предлог – одлука за престанок на важење на Одлуката за утврдување на градби од посебен интерес заради изработка на урбанистичко планска документација
44 Предлог-одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на општина Ѓорче Петров
45 Предлог - решение за овластување на потписник за склучување на договори за купопродажба на станови
46 Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, по скратена постапка
47 Информација за досегашните активности на Министерството за култура по однос на реализацијата на изданијата од капиталните проекти од областа на издавачката дејност, со Прилог - Листа на установи за дистрибуција на книги од капиталните проекти реализирани од Министерството за култура
48 Предлог – одлука за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
49 Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Општа болница со проширена дејност - Кочани за спроведување специјалистичко-консултативна здравствена заштита на секундарно ниво од областа на физикалната медицина и рехабилитација 
50 Барање за автентино толкување на член 26 точка 4 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија,,поднесено од градоначалникот на Општина Пробиштип  
51  Информација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот за доделена државна помош за период јануари-декември 2023 година
52 Иницијатива поднесена од Земјоделски комбинат ПЕЛАГОНИЈА АД Битола, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.151/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 47 став 5 и член 47 став 6 во делот „максималните износи од ставот (5) на овој член" од Законот за земјоделство и рурален развој и оценување на уставноста и законитоста на член 3 став 25 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директни плаќања за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија" бр. 18/2024 и 34/2024).
53 Иницијатива поднесена од Државниот инспекторат за шумарство и ловство, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.153/2024 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 69 став 1 и член 70-а став 3 од Законот за шумите
54 Иницијатива поднесена од Државниот инспекторат за шумарство и ловство, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.114/2024 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 76 став 4 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на РСМ“ бр.263/2023)
55 Понуда од нотар Елена Пенџерковски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.924, за КО Сингелиќ-1, на КП бр.3156, Викано место/улица С.Михајлов
56 Понуда од нотар Елена Пенџерковски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.931, за КО Сингелиќ - 1, на КП бр.3138, Викано место/улица С.Михајлов
57 Понуда од нотар Елена Пенџерковски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр. 927, за КО Сингелиќ - 1 на КП бр. 3155 Викано место/улица С. Михајлов
58 Понуда од нотар Елена Пенџерковски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.952, за КО Сингелиќ - 1, на КП бр.3157, Викано место/улица С.Михајлов
59 Понуда од нотар Елена Пенџерковски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр. 930, за КО Сингелиќ - 1 на КП бр. 3139, Викано место/улица С. Михајлов
60 Понуда од нотар Елена Пенџерковски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.929, за КО Сингелиќ - 1, на КП бр.3153, Викано место/улица С.Михајлов
61 Понуда од нотар Елена Пенџерковски од Скопје за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.928, за КО Сингелиќ - 1, на КП бр.3154, Викано место/улица С.Михајлов
62 Понуда од нотар Диана Бардаров од Штип, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.100177, за КО Штип 5, на КП бр.7457, викано место/улица „Град“
63 Понуда од нотар Симон Зафировски од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.194280, за КО Драчево 2, на КП бр.10073, викано место/улица „Речиште“
64 Понуда од нотар Сашо Василевски од Скопје, за продажба на недвижен имот запишан во Имотен лист бр.1254, за КО Орман, на КП бр.392, викано место/улица „Трлиште“
65 Кадровски прашања-29
66 Прашања и предлози-29
67 Извештај за работата на Советот за македонски јазик (јануари – декември 2023 година)
68 Извештај за работата на Управниот одбор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во 2023 година
69 Годишен извештај за работата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за 2023 година
70 Годишна сметка за 2023 година на Јавната установа Центар за образование на возрасните - Скопје
71 Извештај за реализација на Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија за 2023 година
72 Тримесечен финансиски извештај за работењето на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија за период јануари-март 2024 година
73 Тримесечен финансиски извештај за работењето на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија за период април-јуни 2024 година
74 Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие „Студенчица" Кичево, за вториот квартал на 2024 година
75 Извештај за финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта за периодот јануари - март 2024 година
76 Извештај за работа на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони за период од 01.01.2024 до 30.06.2024 година
77 Информација за доставување на првите нацрт верзии на ИПА III програмските документи за периодот 2025-2027 и ревидиран Стратешки одговор за периодот 2025-2027 ИПА III
78 Информација за подготовката на деветнаесеттиот Поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција кој ќе се одржи на 12 ноември 2024 година во Брисел (хибриден формат), Informacion për përgatitjen e Nënkomitetit të nëntëmbëdhjetë për tregun e brendshëm dhe konkurencën që do të mbahet më 12 nëntor 2024 në Bruksel (format hibrid).
79 Предлог-oдлука за престанок и за давање на трајно користење на движна ствар на Министерство за внатрешни работи (куче)
80 Информација за состојбата на Пречистителната станица за намалување на загадувањето со шестовалентен хром во Југохром Алзар-Јегуновце и итната потребата за решавање на статусот на вработените
81 Информација за ставање во функција на хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро” за дотур на вода во Дојранското Езеро
82 Предлог Одлука за финансирање на проект за повеќегодишно јавна набавка за финансирање на Проект за реализирање на ДУП за дел од Контакт зона ,,Мавровка" на споменичка целина ,,Стара Скопска Чаршија '' со намена на градба на Комунална супраструктура (Подземен паркинг).
83  Предлог за донесување на 41-та Одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријагие за државни патишта
84 Предлог за донесување на 45-та Одлука за предавање на недвижност во владение на Јавното претпријагие за државни патишта
85 Информација за потреба од пристапување кон активен монитиринг на медиумите и содржините кои произлегуваат од нивната работа
86 ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА