4-та седница на Владата

Седницата се одржа на: 
13.02.2024 - 12:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (2.12 MB)
Точки на предлог-дневен ред: 
Точка Наслов
Пред точка  Усвојување на Записникот од 1-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 30 јануари 2024 година
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од Европската Унија
Пред точка Состојби и напредок на Република Северна Македонија во процесот на преговорите за членство во Европската Унија
Пред точка Информација за подготовка на осумнаесеттиот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација кој ќе се одржи на 5 и 6 март 2024 година во Скопје, со Предлог заклучоци
Пред точка Статус на реализација на обврските и приоритетите на Република Северна Македонија како членка на НАТО, согласно Северноатлантскиот договор и НАТО процесот за одбранбено планирање
Пред точка Учество на Република Северна Македонија во системот на НАТО за одговор на кризи
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
Пред точка Статус на реализација на капиталните расходи во Буџетот на Република Северна Македонија
Пред точка Законодавна агенда на Владата на Република Северна Македонија, за периодот 1 јануари 2024 година – 30 јуни 2024 година
Пред точка Извештај од Меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците
Пред точка Информација за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО - Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион
Пред точка Агенда за дигитална трансформација
Пред точка Информација за степенот на реализација на мерките од Планот за борба против корупција
Пред точка Степен на реализација на Акцискиот план за надминување на проблемите со КПУ Идризово
1 Информација за ефективност на Договорот за дополнителен заем заизградба на автопатот Кичево - Охрид
2 Барање за обезбедување на средства / гаранции за набавка на товарни возила за зимско одржување на патишта
3 Предлог - Одлука за утврдување на цената на годишната претплата на службеното гласило „Службен весник на Република Северна Македонија“ во печатена форма, за 2024 година, бр.02-2826/1 од 27.11.2023 година со информација за потребата од издавање на печатена форма на службеното гласило по нацрт записникот од седница број 221 на Влада одржана на датум 16.01.2024
4 Информација за потреба од ангажирање на работници со привремено вработување преку Приватна агенција за вработување во Ј.У. Национален парк Маврово во 2024 година
5 Предлог на Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата
6 Информација за одржување на 13 Министерска конференција (MC13) на Светската трговска организација (СТО) и учество на Република Северна Македонија во инцијативите на СТО за надополнување на постоечкиот мултилатерален трговски систем, како и прифаќање на Заедничката Министерска Декларација за склучување на Спогодбата за олеснување на инвестициите за развој
7 Програма за спроведување на Интервентен фонд во земјоделството за 2024 година
8 Програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година
9 Програма за финансирање на земјоделски производители на храна за 2024 година
10 Програма за финансирање на микроземјоделски производители на вино за 2024 година
11 Предлог-одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на Oпштина Штип
12 Предлог-одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на општина Штип
13 Предлог - одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште соспственост на Република Северна Македонија на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
14 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Универзитет „СВ. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за ветеринарна медицина – Скопје
15 Информација за правосилност на одлуките на Европскиот суд за човекови права во предметите Ејупи и други против Северна Македонија А.бр.21501/21 и 24 други апликации и Тутуновска и други против Северна Македонија А.бр.23258/21
16 Информација за осумнаесеттиот состанок на Поткомитетот за внатрешен пазар и конкуренција во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија, кој се одржа на 26 април 2023 година во Скопје
17 Извештај за работата на Регулаторната комисија за домување за период од 01.07.2023 г. до 31.12.2023 г.
18 Иницијатива поднесена од Сашо Цветановски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.195/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 13 став 2 од Правилникот за начин и постапка за добивање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар донесен од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија
19 Понуда од нотар Наталија Кујунџиева од Кавадарци, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.15690, за КО Кавадарци, на КП бр.13993, Викано место/улица Индустриска Б.Б
20 Понуда од нотар Маргарита Вангелова од Гевгелија, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.389 и Имотен лист бр.1389, за КО Сретеново, на КП бр.1177, Викано место/улица Илинденска
21 Понуда од нотар Сашка Јанчевска Дамјановска од Битола, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.301, за КО Магарево, на КП бр.434, викано место/улица „Село“
22 Понуда од нотар Башким Елези од Гостивар за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.100185, за КО Гостивар - 1, на КП бр.3638 и КП бр.3644, Викано место/улица Гостивар
23 Понуда од нотар Мексуд Максуд од Ресен, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.57601, за КО Ресен, на КП бр.2524, викано место/улица „Ј.Јосифовски“
24 Предлог - одлука за престанок на користење на невижна ствар на Јавна здравствена установа Општа болница со проширена дејност – Кавадарци и Предлог - одлука за пренесување во сопственост недвижна ствар на Општина Кавадарци
25 Информација со Предлог-одлуки за давање на согласност на Решенијата за отстапување предмети во кривична и прекршочна постапка
26 Предлог-решение именување на членови на главен штаб за заштита и спасување
27 Предлог-одлука за продажба на движни ствари-патнички моторни возила (Основен суд Прилеп)
28 Предлог за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
29 Информација за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
30 Правилник за формата и содржината на лиценцата за медијатор
31 Правилник за начинот на издавање и укинување на лиценци во медијација
32 Тарифник за висината на реално направените трошоци за издавање на лиценци на медијатори,лиценци за медијатори во специфични области,обучувачи на медијатори и акредитации
33 Правилник за методологијата и начинот за вршење мониторинг и евалуација на квалитетот на работењето на медијаторите
34 Барање за донесување на Одлука за изменување на Статутот на Железници на Република Северна Македонија Траспорт АД - Скопје
35 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на Железници на Република Северна Македонија, Транспорт АД Скопје
36 Годишен Извештај за работа на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија за 2022 година
37 Годишна програма со финансиски план за 2024 година на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони
38 Извештај за работата на Технолошко индустриските развојни зони за период од 01.01.2022 до 31.12.2022 година
39 Предлог одлука за продажба на движна ствар (патничко моторно возило)
40 Предлог - одлука за пренесување на недвижна ствар во сопственост на Општина Кавадарци
41 Информација за воспоставување на Сектор за координација на големи инфраструктурни проекти
42 Информација за спроведена постапка за доделување на концесии на рибите за организирање рекреативен риболов на рекреативната зона „Акумулација Шпилје“, со Предлог - одлука
43 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Олд Алиса, Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
44 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Амор, Кочани, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
45 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Сателит, Куманово, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
46 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Студио Ин, Струмица, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
47 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Актор, Скопје, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
48 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Десарет, Охрид, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
49 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Гранит, Охрид со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
50 Информација во врска со поднесеното барање за категоризација на угостителски објекти за сместување поднесено од Хотел Филоксениа Два, Демир Капија, со Предлог-решение за утврдување на категорија на угостителските објекти
51 Предлог – одлука за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал на Друштвото за градежништво, трговија и услуги Пеп-Коп ДООЕЛ Скопје на локалитетот „Штурлинци“ КО Пепелиште, општина Неготино
52 Предлог–одлука за давање согласност за пренос на удели во Друштвото за производство, трговија и услуги Стентон увоз-извоз с.Д.Оризари Битола ДОО
53 Предлог-одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија на Општина Центар
54 Информација за правосилност на одлуката на Европскиот суд за човекови права во предметот Илијевска и други против Северна Македонија А.бр.55173/20 и 5 други апликации
55 Предлог за донесување на Решение за назначување на членови на Комисија за паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство
56 Информација за постапување по обраќањата и препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Северна Македонија ,органите на државната управа и други органи и организации што имаат јавни овластувања, во периодот јули-септември 2023 година
57 Предлог – Одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни ствари на Здружението за заштита на културни, традиционални, морални и етички вредности Неимар - 13 - Скопје
58 Предлог на закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка
59 Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, по скратена постапка
60 Одлука за изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025
61 Иницијатива поднесена од Адвокатска канцеларија Зоран Стојановски од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.200/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 38-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Службен весник на РСМ“ бр.96/2019)
62 Иницијатива поднесена од Оливер Давидовски од Скопје, доставена до Уставен суд на Република Северна Македонија под У.бр.199/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 46 став 1 и член 62 став 1 од Законот за вештачење („Службен весник на РСМ“ бр.154/2023)
63 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставен суд на Република Северна Македонија под У.бр.206/2023 за поведување постапка за оценување на уставноста на член 88 став 8 и 9 од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/2023)
64 Иницијатива поднесена од Игорчо Точев од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.208/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 67-а став 1 од Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија
65 Иницијатива поднесена од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Северна Македонија под У.бр.204/2023 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 24 и член 77 од Законот за животната средина и уставноста и законитоста на: Уредбата за определување на проектите и за критериумите врз основа на кои се утврдува потребата за спроведување на постапката за оцена на влијанијата врз животната средина; Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен органот за вршење на стручни работи од областа на животната средина и Уредбата за дејностите и активностите за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општините во градот Скопје
66 Понуда од нотар Васко Паскали од Охрид за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.1848 и Имотен лист бр.67, за КО Љубаништа на КП бр.1610, Викано место/улица Село
67 Понуда од нотар Наташа Пејкова од Скопје, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.4714 за КП бр.6531 и Имотен лист бр. 3371 КП бр.6530, КО Драчево 2, викано место/улица Шутдаб
68 Понуда од нотар Башким Амети од Скопје, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.13418 и Имотен лист бр.13108, за КО Сарај на КП бр.10664, Викано место/улица Сарај
69 Понуда од нотар Анета Петровска Алексова од Скопје, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.5834, за КО Гази Баба, На КП бр.1360, Викано место/улица Перо Наков
70 Известување од извршител Гордана Џутеска од Охрид, доставено под И.бр.1188/2023, за Налог за извршување врз недвижен имот запишан во Имотен лист бр.3488 за КО Мислешево - Вонград
71 Заклучок за втора усна јавна продажба која ќе се одржи на 20 февруари 2024 година, доставена од извршител Зорица Симиќ од Скопје, под И.бр. 175/2023
72 Кадровски прашања 
73 Прашања и предлози 
74 Годишен извештај за приходи и расходи на општините за 2021 година и Полугодишен извештај за приходи и расходи на општините за 2022 година од Комисијата за следење на развој на системот за финансирање на општините (Комисија за следење на развој на системот за финансирање на општините)
75 Годишен извештај за приходи и расходи на општините за 2022 година од Комисијата за следење на развојот на системот за финансисрање на општините
76 Информација за бројот на моторни возила распределени со Решениа за отстапување по институции за 2023 година како и целосен табеларен преглед од барања за 2023 година доставени од страна на државни институции до Агенција за управување со одземен имот, заклучок под бр.41.1-20/95 од 21.12.202 година од Генералниот колегиум на државни секретари
77 Финансиски извештај за работењето на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта - Скопје ц.о., за период од 1.7-30.9 2023 година, мислење од НО и одлука од УО
78 Тримесечен извештај за финансиското работење на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје за периодот од 01.07.2023 година до 30.09.2023 година
79 Извештај за финансиското работење за период од 1 јули до 30 септември 2023 година
80 Полугодишен извештај за работа на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија за период јануари-јуни за 2023 година
81 Информација со втор месечен извештај околу импементацијата на постапката за отуѓување на Туристичка развојна зона „Сарај-езеро Треска“
82 Информација за давање на овластување на министерката за одбрана за потпишување нов колективнен договор на министерството за одбрана
83 Предлог - одлука за давање во закуп на недвижнa ствар со непосредна спогодба (ул. „Летен Логор - Стрела“ во Неготино, на КП број 365, КО Црвени Брегови 1)
84 Предлог - Одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година
85 Предлог-одлука за распределба на средства обезбедени во потпрограма ДА-Инвестиции во железничката инфраструктура, ставка 464-Разни трансфери во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2024 година
86 Информација за донесување на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за група на класа на намена Е- Инфраструктура, Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (над 10 Mw) во КО Негрево и КО Црник, Општина Пехчево
87 Предлог-Одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште сопственост на Република Севрена Македонија на општина Аеродром
88 Предлог-Уредба за изменување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2024 година
89 Информација за реализација на активностите за трајната санација на сифонот Макарија и добивање на одобрение за отпочнување на постапки за повеќегодишни јавни набавки за реализација на активностите за трајната санација на оваа делница од сифонот Макарија, со предлог заклучоци
90 Информација за Договор за Неповратни финансиски средства помеѓу INSTITUTO DE CRÉDITO OFICIAL, E.P.E.на Шпанската Влада како Финансиски Агент и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија како Институција Корисни и DEUTSCHE BANK, S.A.E.U Банка Плаќач
91 Информација во врска со текот на откупот на тутун од реколта 2023 и за зголемување на откупна цена на тутун од реколта 2023 во ТК АД Прилеп
92 Информација за Предлог Договор за доделување на државна помош на Друштвото за производство, трговија и услуги КАБЕКС КАБЛЕС ДООЕЛ Неготино
93 Информација во врска со извештајот од одржаната единаесетата седница на комисијата за стратешки инвестициони проекти
94 Информација за задолжување на општина Крива Паланка кај Комерцијална Банка АД Скопје со Предлог Одлуки за задолжување на општина Крива Паланка со долгорочен кредит кај Комерцијална Банка АД Скопје
95 Информација за продолжување на финансирањето на проектот АДА - дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија
96 Финансиски план за изменување и дополнување на Финансискиот план на Фондот за осигурување на депозити за 2024 година
97 Информација за давање позитивно мислење за основање на oпштинското основно училиште во Oпштина Чашка
98 Програма за изменување на програмата за изградба и реконструкција на основни училишта за 2024 година
99 Информација за потребата од донесување на Решение за почеток со работа на студиската програма од трет циклус на академски студии - докторски студии (180 ЕКТС) по „Информатика“ на Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со Предлог-решение за почеток со работа на студиската програма од трет циклус на академските студии - докторски студии (180 ЕКТС) по „Информатика“ на Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
100 Предлог-одлука за отворање на Амбасада на Казахстан во Република Северна Македонија
101 Предлог – одлука за именување на г-ѓа Елена Брајковска за генерален конзул и шеф на Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Комонвелтот Австралија, со седиште во Мелбурн
102 Предлог-решение за именување на почесен конзул на Република Северна Македонија во Република Австрија, со седиште во Швехат
103 Предлог – одлука за именување на Фросина Ременски за генерален конзул и шеф на генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Италијанската Република, со седиште во Венеција
104 Предлог-одлука за отворање почесен конзулат на Република Северна Македонија во Република Австрија, со седиште во Швехат
105 Информација за исполнетост на условите на Друштво за трговија и услуги АМЕРИ ФАРМАСИ ДООЕЛ увоз-извоз Струмица за вршење на дејност одгледување на канабис за медицински цели, со Предлог-одлука
106 Завршен извештај за активностите поврзани со минатата кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општина Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 09.12.2023 - 07.01.2024 година
107 Информација за формирање на управувачка структура за планирање на спроведувањето на Националната развојна стратегија, со предлог-Одлука
108 Информација во врска со потребата за склучување на Договор за уредување на односите помеѓу Трговско друштво НАФТОВОД ДООЕЛ Скопје и управителот на друштвото
109 Записник од Втората седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, одржана на 12 Февруари 2024 година, со предлог-одлуки
110 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, и тоа на подрачјето на Општината Гази Баба на кое Казнено-поправната установа Казнено-поправен дом Идризово ја врши својата надлежност, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на установата за период од 01.02.2024 - 07.02.2024 година
111 Писмено известување за кризната состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението за период од 01.02.2024-07.02.2024 година
112 Информација за потребата од склучување на договор за донација за вршење на надзор над реконструкцијата на објектот на Универзална сала Скопје (прва фаза)
113 Информација за потребата од зголемување на бројот на државните правобранители од Државното правобранителство на Република Северна Македонија 02-21/1
114 Предлог на закон за изменување на законот за спорт – скратена постапка
115 Информација во врска со неможност за исплата на ануитет по Договор за заем (Проект за поддршка на ликвидноста на ЕСМ во енергетска криза) склучен на 22.08.2023 година, со бр.05-5146/2 помеѓу Акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје и Европска банка за обнова и развој, со Предлог одлука
116 Информација за влошена финансиска состојба на АД„Пошта на Северна Македонија“ - Скопје и барање помош за излез од истата
117 Информација за финансиската состојбата на ЈП Национални шуми п.о. Скопје
118 Барање финансиска помош
119 Информација со предлог за донесување на Одлука за итна еднократна финансиска помош на Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта
120 Информација за престанок и за давање на времено користење на недвижна ствар на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија
121 Информација за потребата од обезбедување на дополнителни финансиски средства за финансирање на железничката инфраструктура со цел надминување на проблемот со ликвидноста во работењето