Што е Отворен Балкан?
Отворен Балкан е регионална иницијатива создадена од Северна Македонија, Србија и Албанија која е посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот. Отворен Балкан е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.
Во моментов трите држави (Северна Македонија, Албанија и Србија) ја водат и развиваат иницијативата која има политика на отворени врати, особено за другите земји од Западен Балкан како Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, но и за другите земји од регионот – членки на ЕУ.
Се поврзуваме за развој на нашите економии, за заеднички регионален и единствен пазар без ограничувања, без бариери, без граници и за негов долгорочен развој кој ќе донесе подобар живот за сите граѓани.
Се работи за интеграција, наместо дезинтеграција, се работи за отворени наместо затворени граници, се работи за слобода наместо за ограничено движење, се работи за олеснување, наместо усложнување на процедурите, се работи за соработка наместо за непријателство, за напредок, наместо уназадување.
Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера за нашите луѓе веднаш да ја почувствуваат користа од она што го нудиме. Очекуваме таа полезност да биде почувствувана наскоро во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани.
Од политички аспект, Отворен Балкан е насочен кон забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и кон придонесување за секоја од земјите што поскоро да стане членка на Европската Унија.
Конкретни резултати за граѓаните и компаниите:
Склучените трилатерални спогодби и договори веќе даваат опипливи резултати и корист за граѓаните. Соседите на Северна Македонија ѝ помогнаа со навремена интервенција во текот на пожарите во летото 2021 како резултат на Договорот за меѓусебна помош во услови на катастрофи и несреќи. За претстојната зима веќе работат мешани работни групи кои ќе обезбедат меѓусебна помош на трите држави во снабдувањето со храна, струја или енергетски ресурси.
Движењето на земјоделските и прехранбените производи меѓу трите држави оди значително побрзо откако на граничните премини Табановце и Ќафасан се воведоа посебни зелени ленти за камионите од Отворен Балкан преку кои контролните механизми се спроведуваат многу побрзо бидејќи контролите сега функционираат 24 часа и истите се меѓусебно признаени, па нема веќе потреба од тројни контроли во три држави.
Наскоро се очекува да се активира идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“ (ОБ ИД број), благодарејќи на што граѓаните ќе можат непречано да работат во приватниот сектор во било која од овие три држави, без нотрификација на диплома, без чекање за разни дозволи и без било какви други административни бариери. Исто така, во завршна фаза е подготовка на воспоставување на единствен електронски ситем за наплата на патарина во сите три земји на „Отворен Балкан“.
Нови иницијативи:
Основање заедничка агенција за привлекување инвестиции на Отворен Балкан
Промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација и врвно винско и гастрономко поднебје
Основање на регионален театарски фестивал на Отворен Балкан
Основање на регионален филмски фонд на Отворен Балкан
Организација на регионални младински размени, школи и фестивали
Намалување и отстранување на надоместоците и даноците што произлегуваат од постапката на прекугранично движење на луѓето, стоките или услугите
Меѓународна поддршка:
Отворен Балкан е иницијатива што е целосно поддржана од претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави.
Комесарот Вархеји истакна дека оваа иницијатива носи економска корист за земјите учеснички. Тој ги повика Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да се приклучат кон иницијативата.
Понатаму, Вархеји изјави дека ЕУ ја поддржува секоја регионална соработка која е заснована на вредностите на блокот.
„Мора да продолжите да ја промовирате оваа иницијатива; регионот сака да биде цел во поглед на економијата и општеството. Се восхитувам на фактот колку сте приврзани за оваа иницијатива, најмногу затоа што е иницијатива што доаѓа од Балканот, а не од ЕУ. Вие продолживте, кога ние не успеавте, да го привлекувате учеството на сите засегнати страни од Балканот. Ова е најдобрата порака што регионот може да ја испрати“, рече Вархеји во Тирана во декември 2021 година.
Претставници од Стејт Департментот во март 2022 година во текот на студиска посетата на координаторите на ОБ во Вашингтон ДЦ, искажаа силна и категорична поддршка за европската интеграција на целиот регион на Западен Балкан, а особено за инклузивната, регионална, економска и политичка соработка што се развива преку конкретни иницијативи ориентирани кон резултати, како што е Отворен Балкан и кои се поздравени од граѓаните, компаниите и институциите и се усогласени со правилата и регулативите на ЕУ.
Габриел Ескобар, заменикот помошник секретар и специјален претставник за Западен Балкан ја изрази својата директна поддршка за Отворен Балкан и неговото проширување.
Со „Отворен Балкан“ преземаме конкретни чекори за заеднички да се справиме со кризата со енергенси и храна - Прес конференција на лидерите на Самитот Отворен Балкан во Белград
Потпишани договори кои произлегуваат од „Отворен Балкан“:
Protocol on interconnection of schemes for electronic identification of the citizens of the Western Balkan (македонски | англиски)
First protocol on the implementation of the agreement on conditions for free access to the labor market in the Western Balkan (македонски | англиски)
Memorandum of understanding on cooperation in the field of tourism in the Western Balkans (англиски)
Memorandum of understanding on the cooperation of the taxation administrations in Western Balkans (англиски)
Memorandum of understanding on cultural cooperation in the Western Balkans (англиски)
Agreement on cooperation in the Western Balkans in the field of mutual recognition of diplomas and scientific grades issued by higher education institutions and other authorized institutions (англиски)
Меморандум за разбирање за слободен пристап до пазарот на трудот (македонски)
Спогодба помеѓу владите на Северна Македонија и Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) (македонски | албански | англиски)
Agreement on conditions for free access to the labour market in the Western Balkans (англиски)
Agreement on interconnection of schemes for electronic identification of the citizens of the Western Balkans (англиски)
Agreement on cooperation in the field of veterinary, food and feed safety and phytosanitary in the Western Balkans (англиски)
Со Вучиќ и Рама договоривме самит на Отворен Балкан во Охрид и саем на вино и храна во Србија (англиски)
Agreement on food security mechanisms in the Western Balkans (англиски)
Memorandum of understanding on cooperation in the field of understanding on cooperation in the field of cinematography and audio-visual activities in Western Balkans (англиски)
Operational Plan in the field of Civil Protection between the Republic of Albania, the Republic of North Macedonia and the Republic of Serbia (англиски)
Меморандум за соработка во областа на рударството и енергетиката (македонски | англиски)
Меморандум за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница (македонски)
Меморандум за воспоставување интероперабилен електронски систем за наплата на патарина (македонски | англиски)