ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2025 ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Врз основа на член 11, член 30 став 1 алинеја 2 став 3 и став 5, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници (,,Службен весник на Република Македонија‘‘ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/2019, 14/2020, 215/2021, 99/2022 и 208/2024) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“бр. 11/2015, 35/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија “бр.259/2024) Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2025
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Се распишува интерен оглас за унапредување на административни службеници за следниве работни места:
1. Шифра: УПР 01 01 Б01 000
Звање и назив на работното место – Државен советник за правни прашања
Назив на сектор: /
Број на извршители: 2
Посебни услови за работното место:
• степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки-Право
• работно искуство: најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку десет години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
• Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
• да е државјанин на Република Северна Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
• да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
• да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
• да поминал најмалку две години на исто ниво и
• да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
• неделно работно време: од понеделник до петок;
• работни часови неделно: 40
• работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 50.323,00 денари
2 Шифра: УПР 01 01 Б02 000
Звање и назив на работното место – Раководител на сектор за работи поврзани со седниците на Владата и работните тела на Владата
Назив на сектор: Сектор за работи поврзани со седниците на Владата и работните тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
• степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки.
• работно искуство: најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
• Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
• да е државјанин на Република Северна Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
• да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
• да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
• да поминал најмалку две години на исто ниво и
• да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
• неделно работно време: од понеделник до петок;
• работни часови неделно: 40
• работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 49.092,00
3. Шифра: УПР 01 01 Б03 000
Звање и назив на работното место – Помошник раководител на сектор за човечки ресурси
Назив на сектор: Сектор за човечки ресурси
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
• степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки
• работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
• Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
• да е државјанин на Република Северна Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
• да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
• да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
• да поминал најмалку две години на исто ниво и
• да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
• неделно работно време: од понеделник до петок;
• работни часови неделно: 40
• работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 43.821,00
4. Шифра: УПР 01 01 Б03 000
Звање и назив на работното место – Помошник раководител на сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија
Назив на сектор: Сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на генералниот секретар и заменикот на генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
• степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки
• работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
• Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
• да е државјанин на Република Северна Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
• да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
• да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
• да поминал најмалку две години на исто ниво и
• да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
• неделно работно време: од понеделник до петок;
• работни часови неделно: 40
• работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 43.821,00
5. Шифра: УПР 01 01 Б03 000
Звање и назив на работното место – Помошник раководител на сектор за правни работи и соработка со Државното правобранителство на Република Северна Македонија и поведени арбитражни постапки против државата
Назив на сектор: Сектор за правни работи
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
• степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки-Право
• работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
• Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
• да е државјанин на Република Северна Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
• да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
• да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
• да поминал најмалку две години на исто ниво и
• да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
• неделно работно време: од понеделник до петок;
• работни часови неделно: 40
• работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 43.821,00
6. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место – Раководител на одделение за административно-логистичка поддршка на именувани лица
Назив на одделение: Одделение за административно-логистичка поддршка на именувани лица
Назив на сектор: Сектор за стручно-оперативна и логистичка поддршка на именувани лица, посебни комисии и други тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
• степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Општествени науки
• работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
• Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
• да е државјанин на Република Северна Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
• да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
• да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
• да поминал најмалку две години на исто ниво и
• да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
• неделно работно време: од понеделник до петок;
• работни часови неделно: 40
• работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 40.248,00
7. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место – Раководител на одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за економски систем и тековна економска политика
Назив на одделение: Одделение за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Комисијата за економски систем и тековна економска политика
Назив на сектор: Сектор за работи поврзани со седниците на Владата и работните тела на Владата
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
• степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен -Високо образование
• работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
• Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
• да е државјанин на Република Северна Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
• да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
• да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
• да поминал најмалку две години на исто ниво и
• да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
• неделно работно време: од понеделник до петок;
• работни часови неделно: 40
• работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 40.248,00
8. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место – Раководител на одделение за соработка со невладини организации
Назив на одделение: Одделение за соработка со невладини организации
Назив на сектор: Сектор за анализа на политиките и координација
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
• степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на-Општествени науки
• работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
• Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
• да е државјанин на Република Северна Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
• да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
• да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
• да поминал најмалку две години на исто ниво и
• да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
• неделно работно време: од понеделник до петок;
• работни часови неделно: 40
• работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 40.248,00
9. Шифра: УПР 01 01 Б04 000
Звање и назив на работното место – Раководител на одделение за преведување
Назив на одделение: Одделение за преведување
Назив на сектор: Сектор за протокол, преведување и односи со јавност
Број на извршители: 1
Посебни услови за работното место:
• степен и вид на образование: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на- Хуманистички науки-Јазици и книжевност
• работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Посебни работни компетенции:
• Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и положен испит за административно управување.
Општи услови за работното место:
• да е државјанин на Република Северна Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност како и:
• да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување на кое бил оценуван,
• да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
• да поминал најмалку две години на исто ниво и
• да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
• неделно работно време: од понеделник до петок;
• работни часови неделно: 40
• работно време со почеток на работно време 07:30-8:30 до 15:30-16:30 со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 40.248,00
Потребно е кандидатите да поднесат пријава на службената електронска адреса на Секторот за човечки ресурси :SCR@gs.gov.mk.
Пополнетата пријава, како и доказите за податоците содржани во пријавата потребно е во рок од 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас, во хартиена форма преку архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, да ги достават до Секторот за човечки ресурси.
Кон пријавата кандидатите можат да приложат и:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник)
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.