Владо Мисајловски
Владо Мисајловски е политичар и дипломиран политиколог со богато искуство во јавната администрација и политиката. Роден е на 21 јануари 1985 година во Скопје.
Мисајловски завршува високо образование на Факултетот за општествени науки во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран политиколог за меѓународна политика и дипломатија. Потоа го продолжува своето образование на истиот факултет, каде што стекнувамагистерска диплома по политички науки, со специјализација по европска меѓународна политика и дипломатија.
Неговата професионална кариера започнува во 2009 година како советник за надворешна политика и меѓународни односи во кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија. Во периодот од 2010 до 2011 година, пак, тој е раководител на одделението за поддршка на градоначалникот на Општина Центар, Скопје.
Од 2012 до 2014 година, Мисајловски работи како државен секретар во Министерството за надворешни работи, а во 2014 година е назначен за државен секретар во Министерството за транспорт и врски. Во 2014 година, тој станува директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Во периодот од 2015 до 2017 година, Мисајловски е министер за транспорт и врски, каде што игра клучна улога во планирањето и имплементацијата на инфраструктурни проекти. Од 2018 до 2020 година, пак, тој работи како комерцијален директор на приватна компанија.
Во 2020 година Владо Мисајловски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што останува до 2024 година.
Мисајловски течно говори англиски јазик.