Почна реконструкцијата на регионален пат Битола - Ресен

По завршувањето на подготвителните теренски активности попладнево официјално почна реконструкцијата на регионалениот пат Битола - Ресен.

Почетокот на градежните активности го означи премиерот Никола Груевски, кој денеска престојува во посета на Пелагонскиот регион.

Според него, по 35 години за првпат се прави реконструкција на оваа важна сообраќајница. 

Планирано е да се реконструираат 27 километри за што ќе бидат инвестирани шест милиони евра. Градежните активности се очекува да се завршат за 12 месеци.