Попоски се сретна со Лавров во Њујорк

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски го придружуваше претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на Глобалниот самит за борба против тероризмот што се одржа на 29 септември 2015 година во Њујорк. На Глобалниот форум се разговараше за заедничките мерки во борбата против тероризмот и обезбедувањето на глобалниот мир и стабилност.

Исто така, министepoт Попоски учествуваше на состанокот на земјите членки на Јадранската Повелба за партнерство помеѓу САД, Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина. На средбата, одржана во рамките на претседавањето на Босна и Херцеговина, министрите за надворешни работи разменија мислења за натамошната соработка во рамките на Повелбата. Акцент беше ставен на процесот на проширување на НАТО и можностите за унапредување на политичко безбедносната соработка во Регионот. МНР Никола Попоски ја нагласи стратешката определба на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ и поддршката за засилена интеграција на земјите и економиите од регионот.

Разменети беа видувања во пресрет на Самитот на НАТО во Варшава. Министерот Попоски на состанокот ја реафирмираше определбата на Република Македонија за интензивна соработка во Регионот и за неговата интеграција во ЕУ и НАТО, како начин за зголемвуање на предвидливоста. Нагласени беа економските придобивки од евро-интеграциите и зголемувањето на привлечноста на регионот за инвестиции. МНР Попоски ја истакна и важноста на соработката во рамките на Повелбата, за справување со новите глобални безбедносни предизвици и учеството во мировните мисии.

На маргините на 70 Генерално Собрание, министерот Попоски оствари бројни негормални средби со повеќето колеги, министри за надворешни работи од европските земји, како и повеќе билатерални средби, вклучително со МНР на Иран, Руска Федерација, Сенегал, Казахстан, Азербејџан, каде се дискутираше за тековните предизвици на меѓународен план, кандидатури во меѓународен контекст и можностите за соработка со повеќе воневропски земји.

Извор: Министерство за надворешни работи