Димитрев ги слушна сугестиите на медиумските и новинарските здруженија
Постојниот закон за медиуми кој е работен со помош на Европската унија е добар, а доколку се одлучи да има нов закон тогаш предлагаме усвојување на кој било закон од земјите членки на Европската унија, е ставот на Владата што попладнево го изнесе премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.
По средбите со трите новинарски и медиумски здруженија и асоцијации, Димитриев истакна дека тоа е решение кое ги задоволува потребите на Република Македонија.
- Како Влада стоиме на ставот дека постојниот закон за медиуми кој е работен со помош на Европската унија е добар, а ако се одлучи дека треба да има нов закон, тогаш предлагаме усвојување на кој било закон од земјите кои се членки на ЕУ, изјави Димитрев.
Тој додаде дека како Влада ги поддржуваат и иницијативите за изборен кодекс кој кон ќе се придржуваат сите страни за време на изборите.
- Разговаравме и за нивните иницијативи за донесување на разни кодекси за новинарски и медиумски ангажман во текот на изборите. Како Влада ги поддржуваме овие иницијативи и сметаме дека е добро да има кодекс којшто ќе ги дефинира начинот на работа на медиумите, рече Димитриев, додавајќи дека сите три средби поминале во исклучително конструктивна и позитивна атмосфера.