Сочуство од премиерот Димитриев до турскиот премиер Јилдирим
Почитуван премиере Јилдирим,
Веста за грозоморниот терористички акт кој се случи во Истанбул длабоко ме потресе и вознемири.
Осудувајќи го овој акт на терор Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете им ги на семејствата на жртвите.
Граѓаните на Македонија се со граѓаните на Турција во овој тежок миг.
Македонија и Турција стојат заедно со целата меѓународна заедница во борба против тероризмот кој претставува глобална закана за човештвото и кој мора да биде поразен.
Емил Димитриев