Писмо со сочувство од Емил Димитриев до Тереза Меј

Почитувана Екселенцијо,

Со огорченост, вознемиреност и тага ја примив информацијата за грозоморниот терористички чин во Лондон.

Од името на македонските граѓани и македонската Влада Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете ги на семејствата на жртвите.

Терористичките закани не смеат и нема да го променат слободниот начин на живот и вредностите во кои верува демократскиот свет.

Република Македонија стои заедно со целокупната светска заедница во борбата против терористичките закани кои ќе бидат победени со соработка и координирани и заеднички активности.

 

 

                                                                  Емил ДИМИТРИЕВ

 

 

Н.Е. г-ѓа Тереза Меј

Премиер на Обединетото Кралство

на Велика Британија и Северна Ирска

 

Л о н д о н