Петта седница на Владата на Република Македонија

 

Ве известуваме дека денеска, (петок, 16 јуни 2017 година) со почеток во 17:00 часот, Владата на Република Македонија ќе ја одржи својата петта седница.

Според предлогот, на Дневен ред на седницата се: Предлог до Собранието на Република Македонија за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија (врз основа на член 67 од Законот за јавното обвинителство), одредени кадровски прашања, како и други актуелни прашања што се од интерес на граѓаните.

Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти пред почетокот на седницата.