Владата на денешната седница донесе предлог за измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување и одлуки за набавка на пченица и оризова арпа за стоковите резерви

Владата на денешната седница донесе низа важни одлуки - го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите.

Дополнително, Владата согласно последните измени на Законот за стокови резерви, денес донесе 2 одлуки за набавка на пченица и оризова арпа од домашното производство.

Одлука за набавка на 9000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена од 13 денари без ддв.

Количината ќе може да се откупи од секој регистриран производител поединечно од минимум 5 до максимум 30 тона.

Одлука за набавка на 2400 тони оризова арпа од реколта 2024 по цена од 37 денари без пресметан ддв.

Набавката ќе се врши од сите регистрирани производители и количината која ќе се откупи од секој регистриран производител поединечно ќе биде минимум 3 до максимум 20 тони.

Како Влада го штитиме домашното производство.

Оваа година имаме зголемени површини под пченица, од кој очекуваме просекот да биде многу поголем од предходни години.

Согласно евиденцијата на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, оваа година жетвата ке се изврши на 70 000 хектари што би значело дека се очекува да ги задоволиме потребите од нашето производство.

Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.07 до 26.07, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, како и овозможување работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо.