Владата на Република Македонија ја одржува 25 седница, министерот Сугарески ќе одржи прес конференција

 

Владата на Република Македонија денеска (29 август 2017 година), ја одржува својата 25-та седница. На дневниот ред на седницата се повеќе точки од посебен интерес за граѓаните.

 

Пред министрите на владата денеска се повеќе информации и предлози за одлуки од различни области од економскиот и политичкиот систем, како и точки поврзани со напредок во процесот на европска интеграција, статусот на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и за степенот на користење и имплементација на фондовите од ЕУ.

 

Владата на денешната седница ја разгледува предлог - програмата за својата работа до крајот на декември за тековната, 2017 година.

 

На денешната седница Владата го усвои предлогот на Министерството за транспорт и врски за измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградените објекти.

 

Во врска со оваа точка, ве известуваме дека денеска во 14:30 часот ќе се одржи прес конференција, во прес корнерот во Владата на Република на Македонија на којашто ќе се обрати министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

 

На дневнииот ред на денешната седница се разгледува информацијата за јавниот и државниот долг, како и повеќе извештаи за работењето на јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост.