Владата на Република Македонија на својата интернет страница објави нови, десетици документи и информации, кои се однесуваат на работата и активностите на Генералниот Секретаријат, канцеларијата на Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, заменик Претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, како и за неколкуте министри без ресор во рамките на Владата на Република Македонија.
На интернет страната на Владата, за прв пат, се достапни буџетите од минатите и од оваа година, ревизорски извештаи, планови за набавки, листа на вработени со официјални телефони и е-маил адреси, правилници за систематизација на работните места, правилници за организација, закони и подзаконски акти во надлежност на институциите, листа на информации од јавен карактер, органограм за внатрешната организација, како и календар на настани.
Посочените документи се достапни во категоријата „Информации од јавен карактер“, на официјалната страница на Владата на РМ – www.vlada.mk, и на веб страните на одделните министерства.