Електронски систем за јавни набавки
Бирото за јавни набавки на Република Македонија изработи интерактивна платформа за пребарување низ Отворените податоци од јавните набавки за сите државни институции.
Решението ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) овозможува интерактивно пребарување низ податоците за јавни набавки и визуализација преку која може да се добие појасен приказ за јавните набавки на институциите и тоа околу:
- Бројот на склучени договори на различни институции
- Вредноста на склучените договори
- Договори според вид на договор и вид на постапка
- Информации за спроведени електронски аукции и поднесувања на конечни цени
- Податоци за бројот на поништени постапки на договорните органи
- Со кои економски оператори државните институции имаат склучено договори?
Целта на решението за ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ на Електронскиот систем за јавни набавки е да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на институциите во делот на јавните набавки и да им овозможи на граѓаните полесен пристап до истите.
На електронската платформа е-набавки можат да се пронајдат и сите оргинални договори кои институциите ги имаат потпишано со економските оператори, одлука која Владата ја донесе на 12ти декември и со која институциите се обврзани јавно да ги објавуваат договорите од стапувањето на слика на одлуката, па сѐ до денес.