Состојбата во Македонија по обилните врнежи од снег до 12 часот

Скопски регион
Во Општина Чучер Сандево патните правци кои водат кон селата Танушевци, Брест и Малино, се непроодни и истите немаат електрична енергија.

Прилепски регион
Во општина Прилеп регионалниот пат Прилеп-Витолиште е прооден со зимска опрема.
Во општина Демир Хисар непроодни се локалните патни правци за населените места: Големо Илино, Мало Илино, Зашле, Велмевци и Радово.
Прекин во напојувањето со електрична енергија има во населените места Мало Илино, Големо Илино и Железнец. Екипи од ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Кичевски регион
Во општина Кичево моментално непроодни се планинските села: Патеец, Козичини, Јудово, Ехлоец, Иванчишта, Душегубица, Малкоец, Кнежино и Осој.
Од ЕВН информираат дека поради проблеми со наврнатиот снег без електрична енергија се селата: Белица, Брждани, Свињишта, Козица и Кладник.

Струшки регион
Во општина Струга, непрооден е патниот правец што ги поврзува селата во Малесија односно патниот правец од с. Присовјани до хидроцентрала Глобочица и патниот правец с. Боровец - с. Јабланица.

Велешки регион
На подрачјето на општина Чашка сообраќајот се одвива отежнато со користење на зимска опрема, освен локалниот пат с. Богомила - с. Нежилово - с. Ореше кој е непрооден и со користење на зимска опрема. Се преземаат активности за расчистување на снегот на локалниот пат с. Дреново - Долно и Горно Јаболчиште.
Во општините Свети Николе и Лозово, не се проодни патните правци кон селата Трстеник, Малино, Крушица и Алакинци.

Штипски регион
Во општина Штип и Карбинци, во мометот непроодни се патиштата кон ридско планинските села Шашаварлија, Брест, Горачино, Танатарци, Пухче и Љуботен.

Кумановски регион
Во општина Куманово патот за Арбанашко сè уште не е расчистен, расчистено е до с. Жегљане.
Во општина Липково, патните правци кои гравитират кон планинските села за Алишевце, Гошинце се непроодни.
Во општина Крива Паланка,
- Регионален пат Крива Паланка - с. Огут е проден само со теренско возило.
- Регионален пат Крива Паланка - с. Луке е прооден во зимски услови.
-Локалниот пат с. Дурачка Река место викано Метов - с. Дренак е непрооден.
- Регионалниот патен правец Ранковце - с.Герман е проден само со теренско возило.

Гостиварски регион
Во општина Маврово - Ростуше, патиштата од Долна и Горна Река се проодни, а патниот правец кон с. Галичник е непрооден.

 

Од Македонија Пат и АМСМ известуваат дека забрани за тешки товарни возила сè уште се на сила на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево преку Стража, Дебар - Струга и на планинскиот премин Пресека.