Соопштение за неработен ден (2.4.2018, понеделник) за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 2 април 2018 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.