Информација за состојбата со нивото на реката Црн Дрим и браната Глобочицa
Од АД ЕЛЕМ Скопје, подружница ХЕС „Црн Дрим“ – Струга известуваат за зголемен прелив на брана Глобочица.
Согласно временската прогноза за 31.03-01.04.2018 година каде се очекуваат врнежи на дожд во количиуна од 20 л/м2, особено интензивни во раните утрински часови на 01.04.2018 година. Истите ќе бидат проследени со силен јужен ветар со брзина од 80 км/ч.
Ова ќе предизвика нагло зголемување на дотекот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим, особено на профилот на браната „Глобочица“, каде во услови на истек од Охридското Езеро од 52 м3/сек и истек низ ХЕЦ „Глобочица“ од 52 м3/сек се очекува прелив на вода низ преливната шахта од 150-200 м3/сек. Прелиената количина на вода ќе предизвика зголемување на нивото на р.Црн Дрим низводно од браната Глобочица.
Најголемите протеци на вода добиени спрема анализите правени согласно со метеоролошката прогноза од 30.03.2018 година се очекува да биде околу 06:00 часот изутрина на 01.04.2018 година, а ќе трае до попладневните часови, истиот ден кога се очекува стабилизрање на истеците на вода.
По одржаната седница на Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид, во врска со најавениот засилен ветар и врнежи во охридската котлина, донесени се заклучоци за преземање на соодветни мерки за превенција.
Се врши максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон река Црн Дрим.
За состојбата известени се угостителските објекти кои се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга.
Ќе се врши засилена контрола на патниот правец Струга-Дебар во с.Луково поради зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица.
Состојбата будно се следи од страна на сите субјекти на ЦУК, кои ќе преземаат соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности.