Соопштение за неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија (8.4.2018 г.)
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 април 2018 година (недела), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.