Соопштение за неработен ден за сите граѓани на Република Македонија
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2018 година (вторник), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.