Срамни и неприфатливи се заканите и повиците полни со омраза кои доаѓаат од новинарот Цветин Чилиманов кој отворено наведува да биде нападната негова колешка.
И во оваа прилика потсетуваме на ставот на Владата на Република Македонија: Нула толеранција за било какви закани, уцени врз новинарите и медиумските работници и за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето.
Апелираме медиумите, новинарските асоцијации и другите институции во државата, а особено обвинителството и судовите, да постапуваат максимално брзо и професионално во случај на каков било обид за напад или закана против медиумските работници.