Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Пенс испрати писмо до Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.
Во писмото, Потпретседателот Пенс пишува дека му беше чест да се сретне со премиерот Заев на 20 септември во Белата Куќа во Вашингтон и дека ја цени можноста заеднички да разговараат за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Република Грција.
Во своето писмо Потпретседателот Пенс ја истакнува неговата благодарност за покажаното лидерство во постигнувањето на договорот и нагласува дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија Договорот од Преспа, и со тоа ја потврдија огромната посветеност европската иднина на Република Македонија.
„Соединетите Американски Држави ја споделуваат вашата посветеност за поголема сигурност и стабилност на регионот. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја“, пишува Потпретседателот на САД во своето писмо до премиерот Заев, и истакнува дека во наредниот период очекува натамошно јакнење на пријателството меѓу двете земји.