Владата на Република Македонија вечерва ќе ја одржи 94-тата седница на која ќе се стави на разгледување и на усвојување Предлогот за изменување и дополнување на буџетот на Република Македонија за 2018 година.
Постапката за измени и дополнувања на Буџетот за 2018 година, се иницира во овој период за да се запазат роковите согласно законската регулатива за негово усвојување во Собранието на РМ во случај доколку не се донесе одлука за одржување на предвремени избори.