Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во Собранието на Република Македонија, денеска одговори на говори и реплики од пратениците, што се однесуваат на Предлогот за пристапување кон Уставот на Република Македонија, како и за неговиот повик за помирување.
„Сите сме за ЕУ и НАТО и сите сме свесни дека без договор со Грција не е можно. Ќе ја пушиме ли Македонија да го направи чекорот? Нашето државно име го дополнуваме и прецизираме, не го менуваме. Идентитетот го потврдуваме. Граѓаните даваат мандат на пратениците на избори, да одлучуваат во нивно име“, рече премиерот Заев.
Тој додаде дека прашањето околу членството на Македонија во НАТО и ЕУ преку прифаќање на договорот со јужниот сосед беше пуштено назад кај граѓаните кои во големо мнозинство се изјаснија, „а оние кои не сакаа да одлучуваат, оставија на нас“, додаде премиерот Заев. Претседателот на Владата, Заев исто така рече дека позитивно го разбира повикот на пратеници од опозицијата за разговор со нивниот лидер Христијан Мицковски.
„Да седнеме, со лидерот Мицковски да разговараме - позитивно го сфаќам, низ разговор се решенијата“ рече премиерот Заев. Претседателот на Владата дополни: „Премногу е делби. А не ми паѓа на памет да влијаам на судови и институции“.
Претседателот на Владата, Заев повтори дека останува на ставот „низ дебата да го најдеме решението“. Македонија мора да ја биде, повика премиерот Зоран Заев, во продолжението на собраниската седница на којашто пратениците дебатираат по Предлогот за пристапување кон Уставот на Република Македонија.