Заменикот Националнен координатор за борба против тероризам, Златко Апостолоски, беше претставник на Република Македонија на Вториот состанок на регионалната мрежа на Национални координатори за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам од земјите на Западниот Балкан во организација на Европската Унија кој се одржа во Будва, Црна Гора во периодот 15-17.10.2018 година. Освен Националните координатори за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам од земјите на Западниот Балкан, присутни беа претставници од Европската Унија и експерти.
За време на регионалниот состанок секој претставник од земјите на Западниот Балкан ги информираше останатите за тековната имплементација на Националните стратешки документи. Презетирани беа активностите веќе реализирани, рековни и планирани активности. Заменикот Национален координатор ги претстави реализираните и планираните активности и мерки на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам и министерствата и институциите кои се вклучени во неговата работа. Дополнително дискутираше за соработката со организациите од граѓанското општество, верските заедници и единиците од локалната самоуправа.
Покрај презентациите на претставниците од земјите од Западниот Балкан, презентации имаа и претставниците на Европската Унија и експерти во поглед на онлајн радикализација, работа во затворите во поглед на спречување на радикализација и насилен екстремизам и можности за зајакнување на регионалната соработка.
Договорено беше овие состаноци да се оддржуваат два пати годишно и на следните состаноци да се отпочне со планирање на заеднички активности во полиња од взаемен интерес за подобри резултати.