Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани физички и правни лица од Република Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следните мерки:
Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи
Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 14 јануари 2019 година.
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 13.178.668,00 евра или 810.422.183,74 ден.
Прочитајте ја целата документација на следниот линк: https://vlada.mk/node/15953