Скопски регион
Патните правци кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино (опш.Чучер Сандево) не се проодни, а истите села немаат и електрична енергија.
Во опш. Кисела Вода непрооден е патот од Теферич кон Сопиште.
Битолски регион
Во општина Крушево, регионалниот патен правец Крушево - Пуста Река не е исчистен, но е прооден за теренски возила со зимска опрема.
Во општина Прилеп сите магистрални и регионални патишта се исчистени и опесочени, проодни за сите моторни возила, освен регионалниот пат за Мариово, кој е од трет преоритет. Регионалниот пат Лагово - Витолиште, моментално е прооден за теренски возила.
Во општина Долнени непроодни се патните правци за селата Маргари, Зрзе и манастиорот во с.Зрзе.
Во општина Ресен - регионалниот патен правец Битола - Ресен - Охрид е прооден за сообраќај.
Охридски регион
Во општина Македонски Брод, регионалните патни правци за Кичево, Прилеп и Самоков се проодни, додека локалните патни правци кон повисоките села Дренов, Крапа, Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино село и Сушица не се проодни.
Во општина Струга, непрооден е патниот правец што ги поврзува селата во Малесија односно патниот правец од с.Присовјани до хидроцентрала Глобочица.
Велешки регион
Во општините Велес, Градско и Чашка, екипите на Македонија пат, ЈКП Дервен и ГП Изгрев, се на терен и се чисти накај селата Отовица, Сујаклари, Мамутчево, Иванковци, Оризари, Клуковец, Сливник, Раштани и Бузалково.
Патните правци према г.Јаблчиште и Богомила се тешко проодни. ЈП Македонија пат е на терен и работи на расчистување.
На подрачјето на општините Свети Николе и Лозово патниот правец кон селата Немањици, Ранченци, Мечкуевци и Патетино, како и патниот правец кон селата Трстеник, Сопот, Преот, Малино, Алакинци и Крушица не се проодни за лесни моторни возила, а се проодни за теренски возила.
Кумановски регион
Во општина Старо Нагоричане единствено регионалниот патен правец кон Р.Србија - Пелинце е прилагоден за движење, додека патните правци кои гравитираат кон селата во козјачијата се тешко проодни.
Во општина Липково, тешко проодни се патните правци кои гравитираат кон повисоките села Гошинце, Лукаре и Малино.
Регионален пат Ранковце - с.Герман е прооден до с.Пклиште додека од с.Пклиште до с.Герман е непрооден.
Регионалниот патен правец Крива Паланка - с.Огут е прооден за теренски возила. Регионалниот патен правец Крива Паланка - с.Луке е прооден во зимски услови. Локалниот пат од с.Дурачка река м.в.Метоф кон с.Дренак е непрооден.
Од Македонија Пат и АМСМ известуваат дека забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево - Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патот Прилеп - Македонски Брод на планинскиот премин Барбарос како и на патниот праевец Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири). Од 12:15.ч поради интензивни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга - граничен премин Ќафасан.