Состојба на патиштата по врнежите од снег на територијата на Република Македонија, 11.01.2019 (до 13 часот)

Скопски регион
Сите локални патни правци во Градот Скопје и околината се проодни освен патниот правец кон повисоките населени места на Скопска Црна Гора, односно селата Брест, Танушевци и Малино (опш.Чучер Сандево ) кој не е прооден, а с.Танушевци нема електрична енергија.

Битолски регион
Регионалниот патен правец Крушево - Пуста Река не е исчистен, но е прооден за теренски возила со зимска опрема.

Во Општина Долнени не се исчистени патиштата од населените места Маргари, с. Зрзе и Манасторот во с. Зрзе

Охридски регион
Во општина Македонски Брод и Пласница локалните патни правци кон повисоките села - Дренов, Крапа, Битово, Растеш, Заград, Волче, Ботушје, Бенче, Лупште, Звечан, Инче, Требовље, Брест, Косово, Рамне, Брезница, Могилец, Калуѓерец, Томино село и Сушица не се проодни.
Во општина Струга, не прооден е патниот правец од с.Присовјани до хидроцентрала Глобочица. Патниот правец за Загрчани, Вишни и Г. Белица не е прооден

Штипски регион
Патните правци во Плачковичкиот регион се тешко проодни.

Тешко проодени се и локалните патни правци за селата Бунеш и Јамиште.

Кумановски регион
Во општина Старо Нагоричане единствено регионалниот патен правец кон Р.Србија - Пелинце е прилагоден за движење, додека патните правци кои гравитираат кон селата во Козјачијата се тешко проодни.
Во општина Липково Во моментот единствен проблем претставуваат патните правци кои гравитираат кон повисоките села: Руница, Гошинце
Во општина Крива Паланка Регионален пат Ранковце - с.Герман е прооден до с.Пклиште додека од с.Пклиште до с.Герман е непрооден.
Регионалниот патен правец Крива Паланка - с.Огут е прооден за теренски возила. Регионалниот патен правец Крива Паланка - с.Луке е прооден во зимски услови. Локалниот пат од с.Дурачка река м.в.Метоф кон с. Локалниот пат од с.Дурачка река м.в.Метоф кон с.Дренак е непрооден Отсечено е с.Дренак.

 

Од Македонија Пат и АМСМ известуваат дека забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Ресен - Битола на планинскиот превој Буково. Гостивар - Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево - Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп-Мак.Брод на планинскиот премин „Барбарос“, патниот правец Струга - граничен премин Ќафасан, како и на патниот правец Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).