Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2019 година (недела), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија им го честита празникот Свети Сава.