Ве информираме дека согласно податоците од ДАМСКВ на 22.01.2019 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 μg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица. Со тоа престануваат да важат интервентните препораки и мерки согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија. Редовните мерки против аерозагадувањето дефинирани во Програмата за чист воздух и пропратниот оперативен план за имплементација продолжуваат да се имплементираат согласно Планот за чист воздух на Владата на РМ.