Известување за вонредни инспекциски надзори од страна на ДИЖС

Информација за Вонредни инспекциски надзори од страна на Државен Инспекторат за Животна Средина - ДИЖС на територијата на Град Скопје, Општина Битола, Општина Струмица, Општина Гостивар и Општина Тетово со околината.

Согласно Извадокот од Нацрт-Записникот од Четириесеттата седница на Владата на Република Македонија, одржана на 28.11.2017 година, Точка 39: Информација за квалитет на воздухот во Република Македонија за октомври 2017 година, со Извештај за работата на Интерсекторската работна група (ИРГ) и предлог-мерки, Заклучок 7 со кој се задолжува Државниот Инспекторат за животна средина при надминување на прагот на алармирање, веднаш да започне со вршење зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А-ИСКЗ дозвола информираме дека од страна на Инспекторатот се извршени вонредни инспекциски надзори од страна на Државни Инспектори за животна средина од Скопје, Струмица, Битола, Гостивар и Тетово во следните правни субјекти:

 

Град Скопје:

На територијата на Град Скопје извршени се инспекциски надзори кај инсталации со влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух.

1. Цементарница Усје А.Д-Скопје

Поради годишни ремонтни активности двете печки во цементарницата сеуште се во ремонт и не работат. Ротирна печка бр.3 е изгасната од 04.01.2019 година, а ротирна печка 4 е изгасната уште на 27.12.2018 година. Месечни и неделни извештаи се достапни за јавноста на интернте страната на цементарницата www.usje.com.mk, односно http://usje.com.mk/upload/pdf/MONTHLY_REPORT_2018_DECEMBER.pdf

Последните мерења на емисии од континуираниот мониторинг на параметрите прашина, сулфурен диоксид и азотни оксиди на двете печки покажуваат дека нема надминување на граничните вредности.

2. Балкан Енерџи ДООЕЛ-Скопје

Поседува А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-1390/2 од 31.01.2014 (за топлана Исток) и А-дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-920/1 од 28.01.2015 (за Tоплана Запад). Како енергенс се користи природен гас. Од презентирани лабoраториски извештаи од извршен мониторинг концентрациите на СО, NОх, SО2 и прашина се во рамките на гранични вредности.

Истовремено со ставање во производна функција на правниот субјект ТЕ-ТО-Скопје, Топлана Исток работи со помал производен капацитет во текот на грејната сезона поради преземање на топлинска енергија од истиот, со што значително се намалуваат емисиите во воздухот. Исто така намалување на емисии во воздухот има и во Топлана Запад бидејќи голем дел од преземената енергија се пренесува и кон мрежата на Топлана Запад.

3. Макстил, А.Д-Скопје (комплекс Железара)

Правниот субјект Макстил АД Скопје, работи од 16.01.2019 година за што известен е ДИЖС. Еднодневен прекин направен е на 21.01.2019 година. Согласно А дозволата за усогласување со оперативен план врши мониторинг на емисии со акредитирани лаборатории а резултатите се во ГВЕ. Извештаите со резултатите се доставуваат до ДИЖС и до МЖСПП.

4. Арцелор Митал, А.Д-Скопје (комплекс Железара)

Правниот субјект Арцелор Митал АД Скопје, моментално работат погоните пластификација и жарни печки. А погоните поцинкална, тандем и лужилница не работаат. Согласно А дозволата за усогласување со оперативен план врши мониторинг на емисии со акредитирани лаборатории а резултатите се во ГВЕ. Извештаите со резултатите се доставуваат до ДИЖС и до МЖСПП.

5. ЈП Улици и Патишта, Асфалтна База-Скопје (комплекс Железара)

Асфалтната база 01.01.2019 година не работи поради редовни ремонтни активности. За отпочнувањето со работа ќе биде известен ДИЖС.

6. ТЕ-ТО, Скопје

Електраната користи како енергенс исклучиво природен гас, поради што емисии на ПМ не се мониторираат затоа што не се ни очекуваат. Од приложениот листинг на емисии од системот за континуиран мониторинг за деновите 18, 19 и 20.01.2019 година за параметрите азотни оксиди и јаглероден моноксид нема надминување на граничните вредности, евидентно е дека ТЕ-ТО работел во континуиран режим до саботата 19.01 кога вечерта околу 22 часот е прекината со работење. Повторен старт е забележан во недела 20.01 во утринските часови, а истата вечер повторно е запрено работењето. Утрината 21.01 електраната е повторно во погон по принципот старт-стоп.

7. ЕЛЕМ, Енергетика (комплекс Железара)

Топлинска енергија комплекс Железара е во работен режим, како енергенс користи природен гас.

8. ЏОНСОН МЕТИ, населба Илинден ТИРЗ Бунарџик

Приложени се мерења од акредитирана лабораторија за животна средина од 13 мерни места од фабриката. Мерењата и анализите не покажуваат надминување на граничните вредности.

9. АЛКАЛОИД

Поседува А-Дозволи за усогласување со оперативен план бр.11-3013/3 од 11.03.2014 година за погонот во Ѓорче Петров за ПЦ Хемија, Козметика, Билка; бр.11-3074/3 од 11.03.2014 за погонот во Ѓорче Петров ПЦ Фармација и за локацијата во Автокоманда дозволата бр.11-3636/1 од 06.04.2012 година.

Од извршен увид во лабораториските извештаи од извршен мониторинг во горе наведените погони и врз основа на податоците добиени од извршените мерења и анализи на емисијата на загадувачки супстанции во воздухот може да се констатира дека нема надминување на граничните вредности.

10. ПИВАРА

Поседува А-Интегрирана еколошка дозвола бр.11-7427/3 од 08.08.2012 година.

Презентиран е лабораториски извештај, мерењата за емисии во воздухот се вршат на три мерни места. Врз основа на податоците добиени од анализите може да се констатира дека согласно со Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (Сл.весник на РМ бр.141/10) нема надминување на гранични вредности на трите мерни места. Котларата како енергенс користи природен гас.

11. Асфалтна База Бауер (комплекс Железара)

Асфалтната база 01.01.2019 година не работи поради редовни ремонтни активности. За отпочнувањето со работа ќе биде известен ДИЖС. Моментално околу асфалтната база спроведуваат мерки за подобрување на животната средина со засадување на садници.

12. ДППУ ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ ДОО-Скопје

Поседува А-ИСКЗ Дозвола бр.11-1575/4 од 31.10.2018 година. Правниот субјект има извршено мониторинг на емисија на загадувачки супстанции во воздухот. Врз основа на податоците добиени од извршените мерења може да се констатира дека нема надминување на гранични вредности во воздухот. Целосно е запрен производниот процес од Октомври 2018 година.

13.Асфалтна база ГД ГРАНИТ-Лепенец-Скопје

Поседува А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-958/1 од 28.01.2011 година.

Презентиран е лабораториски извештај од извршени мерења и анализа на концентрација на штетни материи и вкупна прашина во излезни гасови од емитер (оџак), концентрација на РМ10 честички. Добиените резултати од оџакот на асфалтната база, потоа вкупната прашина и суспендираните РМ10 честички се во рамките на гранични вредности.

Моментално, инсталацијата работи повремено, а почнувајќи од 21.01.2019 година ќе работи во зависност од временските прилики.

14.ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ (асфалтна база Лепенец)-Скопје

Поседува А-Интегрирана еколошка дозвола бр.11-447/3 од 25.01.2017 година.

Презентиран е лабораториски извештај од извршени мерења и анализа на концентрација на штетни материи и вкупна прашина во излезни гасови од емитер (оџак), концентрација на РМ10 честички. Добиените резултати од оџакот на асфалтната база, потоа вкупната прашина и суспендираните РМ10 честички се во рамките на ГВЕ.

Во овој момент асфалтната база не работи. Повторно вклучување во производен режим се очекува во почетокот на Март -2019 година.

15. ДПТУ РЕЦИКЛ-ЕКО СТАРТ ДОО-Скопје

Поседува А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-165/1 од 05.02.2015 година.

Овој оператор моментално целосно го има сопрено производниот процес.

16.АДИНГ АД-Скопје

Поседува А-Дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-416/3 од 13.01.2014 година.

Презентиран е лабораториски извештај од извршени мерења на емисии во воздух. Резултатите од извршените мерења на емисија на загадувачки супстанции во воздухот, не отстапуваат од граничните вредности согласно Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (Сл.весник на РМ бр.141/10).

 

Останати инсталации во Скопје не се во функција одамна (ОХИС, Рафинерија, Скопски Легури, МЗТ Леарница...)

 

Општина Битола, Ресен:

1.РЕК Битола, ЕЛЕМ

Направен е редовен инспекциски надзор на 27.12.2018 година во врска со автоматските мерни станици за квалитет на амбиентниот воздух лоцирани на 3 локации во опкружување на РЕК Битола и тоа во : с.Дедебалци, с.Рибарци, с.Гнеотино.

Од прикажаните резултати не се забележани надминување на МДК на параметрите (за имисија).

2.Асфалтна База ГД Гранит, Битола

Не работи од 07.12.2018 година.

3.Асфалтна База ЈП Македонија Пат, Битола

Не работи од декември 2018 година.

4.Тулана Нова Слога 2007, Ресен

На 21.01.2019 година, прекинува со производство. Печката ќе работи уште една седмица. При редовен инспекциски надзор во декември 2018 година и при увид во извршени мерења на емисија од испуст на печка и од сушара не се забележани надминувања на гранични вредности.

 

Општина Тетово:

1. ЗЗ ЕДИНСТВО с.ЧЕЛОПЕК-БРВЕНИЦА - Инсталација за одгледување на свињи;

Задолжение во рок 3 (три) дена да се врши вонредни мерења на емисии. 

2. А.Д. ТЕАЛ Тетово

Електро-печка не работи веќе 8 (осум) дена истата е во ремонт и ќе почне со работа на 01.02.2019 год, последни мерења се извршени на 26.11.2018 год. и тоа:

Над Топилница- NH4= 12,7 mg/m3, SO2= 0,0 mg/me, NO2= 0,95 mg/m3 и параметрите се во граница на дозволени гранични вредности.

3. МИКЕЛИ ЕФРАИМ ДООЕЛ с.ПОРОЈ - Тетово

Со Известување до ДИЖС, МИКЕЛИ ЕФРАИМ ДООЕЛ не работи од 01.11.2018 год. до 01.03.2019 год.

4. А.Д. МЛЕКАРА Тетово

Задолжение во рок 3 (три) дена да се извршат вонредни мерења на емисии. 

5. Тетекс АД - Општина Тетово (Инсталација за производство на текстилни производи)

Емисиите во воздух се испуштат од енерганата која е во рамките на инсталацијата. Моментално е вклучен само еден котел кој работи на мазут, со ангажирана вообичаена моќност од 50% (вкупниот користен капацитет на енерганата е 8%). Досега нема промени во однос на работењето на инсталацијата од извршениот последен надзор од 18.12.2018 година. Субјектот е задолжен да изврши мерења на емисиите во воздух во рок од 30 дена. Од крај на Декември 2018 до Февруари 2019 година инсталацијата е во прекин со работа. Согласно последните мерења на емисии во воздух резултатите на емисиите се во рамките на граничните вредности.

6. Тетекс Јарн Гроуп - Општина Тетово

Емисии во воздух се испуштат од работата на котел за затоплување на водата кој како енергенс користи мазут. Моменталниот капацитет на користење на котелот е околу 60% средна неделна вредност, а истиот се користи 12 часа дневно. Досега нема промени во однос на работењето на инсталацијата од извршениот последен надзор од 18.12.2018 година. Субјектот е задолжен да изврши мерења на емисиите во воздух во рок од 30 дена. Согласно последните мерења на емисии во воздух резултатите на емисиите се во рамките на граничните вредности.

7. Блуе Енерџи - Општина Тетово

А-ИСКЗ инсталација работи со нормален режим на работа во една смена, Надзор во инсталацијата е направен на 15.01.2019 година. Правниот субјект е задолжен да направи мерења на емисиите (SO2, NO2, CO, прашина ) на излезни гасови на котелот за загревање во процесот на дестилација и на котелот на загревање на процесот, од отпадните води излез пречистителната станица со решение во инспекциска постапка од 17.01.2019 година.

8. Њу Кантри (поранешна Супер Ег Пакинг) - Општина Брвеница

А-ИСКЗ инсталација, поранешната Супер Ег Пакинг сега Њу Кантри не работи и инсталацијата е вон функција од 30.10.2018 година.

9. Југохром Алзар - Општина Јегуновце

Не работи согласно забраната издадена од ДИЖС, констатирано со Записник ИП1 16-IX-143/9 од 25.10.2018 година година и Решение ИП1 16-IX-143/9 од 30.10.2018 година.

10. Везе Шари - Општина Желино

Правниот субјект има обврска да изврши мерења на емисии во воздух два пати годишно согласно условите во А-Дозволата за Усогласување со Оперативен План-ДУОП, каде не се вклучени параметри за прашина (цврсти честички). Инсталацијата функционира во редовен режим на работа и редовно ги следи емисиите од истата. Согласно резултатите од последните мерења од 2018 година (Април и Ноември), емисиите се во рамките на граничните вредности.

11. МОБАКС ДООЕЛ Тетово (Елаборат-производство мебел)

 Зап.ИП1.Бр.16-36 од 22.01.2019 год.

 Задолжение во рок од 3 (три) дена да извршат мерење на штетни гасови.

12. ФУРНИТУРЕ НЕВ ДЕСИГН ДООЕЛ Тетово (Елаборат-производство на мебел)

 Зап.ИП1.Бр.16-37 од 22.01.2019 год.

 Задолжение во рок од 3 (три) дена да извршат мерење на штетни гасови

13. МОЛИКА ВИЃИЛЕНТ ДОО Тетово (Елаборат-производство на мебел)

 Зап.ИП1.Бр.16-38 од 22.01.2019 год.

 Поседува мерење на ПМ10 мерени на Декември со Резултат Бр.14-101/2018 од 20.01.2019 година со Заклучок дека концентрацијата на прашината (суспендирани честички до 10 микрометри) PM10 во амбиентниот воздух е: 45,97 mg/m3 и е на дозволените гранични вредности (ГВ).

14. А.Д. ИНДУСТРИСКИ ЛАДИЛНИК Тетово (Елаборат-зеленчук и овошје складирање во ладилник)

Зап.ИП1.Бр.16-39 од 22.01.2019 год.

Поседува мерење на ПМ10 мерени на Декември со Резултат Бр.14-101/2018 од 20.01.2019 година со Заклучок дека концентрацијата на прашината (суспендирани честички до 10 микрометри) PM10 во амбиентниот воздух е: 45,97 mg/m3 и е на дозволените гранични вредности (ГВ).

 

Општина Струмица:

1.АД за Неметали Огражден Струмица

Изготвен е записник ИП1 19.1-3 од 21.01.2019 година во кој е констатирано дека нема загадување на животната средина, во Автоматски млин не се обавува технолошки процес.

Доставено е на увид известување бр.03-33 од 18.01.2019 година од АД за Неметали Огражден Струмица до Министерство за животна средина и просторно планирање и Државен инспекторат за животна средина дека Автоматски млин на АД за Неметали Огражден Струмица заради намален обем на работа т.е заради намалена побарувачка на фелспад нема да работи од 18.01.2019 година до 22.01.2019 година.

2.АД ИГМ Еленица

Доставено Известување за престанок со работа на капацитетот АД ИГМ Еленица Струмица бр.03-26/1 од 10.01.2019 година до Државниот инспекторат за животна средина дека субјектот престанува со работа на 10.01.2019 година во 10 часот и дека за започнување со работа ќе достави дополнително писмено известување.

 

Општина Гостивар:

1.ВАРДАР ДОЛОМИТ - ГОСТИВАР

Со записник број 19-1/XIV/17 на 21.01.2019 е констатирано: правниот субјект последните редовни мерења ги има извршено на 25.12.2018.

Мерењата ги има извршено Еуромак Контрол, Скопје акредитирана лабораторија за животна средина и според извештајот на испитување со бр. 285/18 се извршени мерења и анализа на концентрација на загадувачки супстанции и вкупна прашина во отпадни гасови од шахтна и темпер печка, концентрација на вкупна прашина од старо млинско и ново млинско, концентрација на PM10 честички и анализа на отпадна вода.

Според добиените резултати од извештајот на испитување со бр. 285/18 PM10 честички се со вредност од 12,93 μg/m3 со гранични вредности на емисии-ГВЕ 50 μg/m3.

Концентрацијата на CO, SO2, и NOx (Јаглероден Моноксид, Сулфур Диоксид и Азотните Оксиди со единици mg/Nm3) во мерните места оџак на шахтна печка и темпер печка се под границите на ГВЕ.

Цврстите честички односно вкупната прашина се измерени (mg/Nm3) од шахтна и темпер печка, старо и ново млинско со резултати од сите 4 мерни места под МДК.

Вардар доломит идната недела има закажано редовни месечни мерења на шахтна печка и редовни квартални мерења во месец Март за кои ДИЖС прави редовни инспекциски увиди.

Што се однесува на другите А-ИСКЗ-инсталации во Гостивар:

  • Горни Полог има само емисии во вода.
  • Тулана (нема добиено дозвола поради не исполнување на минималните технички услови) не работи од Ноември 2018 година поради сезонско работење. При поновно работење ќе добие забрана за работа од страна на ДИЖС.
  • Асфалтна База Прогрес 98 не работи поради сезонско работење.
  • Асфалтна База Пелагонија не работи поради сезонско работење.
  • ПРГ ДООЕЛ (завршија со експерименталниот дел работат на студијата и А-ИСКЗ дозволата) не работат од Јуни 2018 поради немање на руда.
  • Швис Метод - Чегране не работи поради сезонско работење.

 

Инспекциски надзори продолжуваат да се одвиваат согласно Кварталните Планови за работа на секој Државен Инспектор за животна средина, а за истите јавноста периодично ќе биде известувана.