Соопштение за надминување на праг на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во Тетово

Ве информираме дека согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 188 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, истиот е надминат на мерното место Тетово.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

 

Ден Тетово
28.01.2019 210.58
30.01.2019 210.48

 

*концентрациите се изразени во μg/m3

Со тоа стапуваат на сила препораките и мерките согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година.